Тркалезна маса на тема „Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници“ 20. октомври, 2020

0

СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот организира тркалезна маса на тема „Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми за сексуални работници“ со членови на Националната ХИВ комисија, која ќе се одржи на 22.10.2020 (четврток), во Јавна Соба, Скопје, со почеток од 10:30 до 13:30 часот. Во рамки на тркалезната маса за запознавање со SWIT алатката, ќе се дискутира за важноста од интеграција на истата во националната ХИВ програма со цел унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје кај сексуалните работници и јавното здравје во целост.

Тркалезната маса ќе биде пренесувана во живо преку видео стриминг.

Презентацијата на SWIT алатката и тркалезната маса се реализираат во рамки на проектот „Сексуалните работници и давателите на здравствени услуги во заедничка акција со цел овозможување сеопфатни ХИВ и СПИ услуги без стигма и дискриминација во Република Северна Македонија“, поддржан од ViiV Healthcare Positive Action Programme, кој што Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје го спроведува во партнерство со Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА.

Овој настан ќе се организира во согласност со сите важечки протоколи и мерки за организирање на настани од овој тип, со строго почитување на мерките за заштита од ширење на КОВИД 19 вирусот.

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.