Тркалезната маса ќе се одржи на 08 февруари со почеток од 11.00 до 12.30 часот, онлајн на платформата ZOOM. Линк до настанот:
https://us02web.zoom.us/j/82585712026
https://us02web.zoom.us/j/82585712026
Целта на настанот е да се презентираат наодите и препораките во областа на самовработувањето и транспонирањето на ЕУ законодавството во домашниот контекст, комбинирано со утврдената состојба на пазарот на труд и родовата еднаквост, со фокус на членовите 7 и 8 од Директивата 2010/41/ЕУ кои се однесуваат на социјалната заштита и надоместоците при мајчинство.
Оваа средба има особено значење заради тоа што ќе послужи за поврзување на сите засегнати страни од оваа проблематика и има за цел да го трасира патот за решавање на проблемите од оваа област со која се соочуваат и жените земјоделки. На настанот ќе бидат поканети претставници од Министерство за труд и социјална политика, Министерство за здравство, Министерство за Локална самоуправа, Фонд за здравствено осигурување, претставници од невладини организации.
Овој настан се организита во рамките на Проектот „Мрежа за заштита од дискриминација: Здружена акција за унапредување на еднаквоста и социјалната правда на маргинализираните заедници“ е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.