Младинските организации Youth Organisations for Drug Action in Europe, изминатата година и половина се здружија со NEWNet и Help Not Warm за развој на TripApp.
TripApp е мобилна апликација дизајнирана да ги намали штетите поврзани со употреба на психоактивни супстанци, преку обезбедување на доверливи и искрени информации на луѓето за дрогите и привлекување членови од заедницата за активно вклучување во овој процес.
Денес, пазарот на дроги се менува толку брзо, што старите начини на едукација за дроги веќе не се доволни. Појавата на огромен број на нови психоактивни супстанции (НПС), зголемување на улогата на Интернет во трговијата со дроги и измислување нови методи на производство за одредени супстанции, што резултира со нивна зголемена моќ, се сите причини за новиот начин на ширење на информациите за овие супстанции.
Затоа е развиен системот за брзо предупредување, кој ќе ве предупредува за особено ризичните серии на дроги во вашата област, само неколку часа откако ќе се идентификуваат во една од лабораториите со кои се соработува.
Исто така се охрабруваат корисниците на апликации да ги достават резултатите од тестовите за колориметриски реагенси што тие ги спровеле самостојно, за да можат да ги предупредат луѓето во нивната област за можни опасности. Ова е особено важно во земјите, каде што лабораториските услуги за проверка на дроги сè уште не се достапни.
Покрај тоа, во апликацијата е достапна мапа на услугите за намалување на штетите од тековно 17 европски земји. Врз основа на вашата локација, можете да пребарувате за:
- Услуги за проверка на дроги
- Услуги за сексуално здравје (како што е бесплатно и анонимно ХИВ-тестирање)
- Програми за размена на игла и шприц
- Простории за безбедно инјектирање на дроги
- Терапија со супституција со опиоиди
- Проекти за побезбедни забави
На овој линк можете да најдете информации за спуштање на апликацијата.