Здружението ХОПС-Опции за здрав живот Скопје, Ве поканува да учествувате на трибина со кандидатите за градоначалници на Град Скопје која ќе биде на тема “Улогата на Град Скопје во спроведувањето на здравствените и социјалните програми за граѓаните преку финансирање на граѓанските организации“. По воведните говори на кандидатите ќе има можност за дебата и поставување прашања. Трибината ќе се одржи на на 08.10 2021 (петок) на терасата на Хотел Александар Палас со почеток во 11 часот. Настанот ќе заврши најдоцна до 13 часот. Настанот ќе биде пренесуван во живо на страната на ХОПС.
Согласно мерките за КОВИД од хотелот сме информирани дека сите учесници мора да покажат сертификат за примена барем една доза на вакцина или потврда за прележан КОВИД. ( 45 дена од прележување).
Оваа трибина е дел од проектот” Унапредување на здравјето на луѓето кои употребуваат дроги преку обезбедување на континуирано финансирање на програмите за намалување на штети од употреба на дроги од националниот буџет” финансиран од Фондацијa Отворено Општество Македонија.