Седумнаесетто издание на Дроги – Политики и практики
Тема на бројот: Тревата веќе не е дрога?
СОДРЖИНА:
Очекувањата се дека забрзано ќе се работи на усвојување на планираните активности и ќе се воспостави сеопфатна правна рамка што ќе овозможи доследна декриминализација на канабисот, рекреативна употреба во легални услови, но истовремено ќе се работи на трансформација на институциите и општеството за прифаќање и спроведување на декриминализацијата и легализацијата.
Македонската легализација на канабис заглави кај работната група при Владата која оствари само три средби. Истовремено македонските судови не прават дистинкција меѓу канабис, кој е веќе и официјално лесна дрога, и потешки дроги, и пенализацијата останува иста, спротивно на духот на конвенциите на ОН. Автор: Јанаки Митровски
„Комисија за разубедување“ наместо затвор за корисниците на дроги: пристапот на Португалија
За разлика од политиките за декриминализација на дрогите, репресивните политики кои ги криминализираат поседувањето за лична употреба и употребата на дрогите не водат сметка за почитувањето на основните човекови права. Државите кои водат хумани политики ставаат фокус на социјалните потреби и нудат различни услуги за луѓето кои употребуваат дроги, водат сметка да бидат социјално вклучени и вработени, го зголемуваат пристапот до програмите за лекување и ресоцијализација, се намалуваат стигмата и дискриминацијата, како и смртните случаи при употреба на дроги. Авторка: Росана Богатинова
Поголемиот број од земјите паднаа на тестот според новиот индекс
Првото издание на Глобалниот индекс на политика за дроги кој беше објавен во ноември 2021 година од страна на Конзорциумот за намалување штети (Harm Reduction Consortium), коалиција на граѓански здруженија и здруженија од заедницата, во партнерство со академици, открива дека најголем број од земјите во светот не успеале своите национални политики за дроги да ги усогласат со препораките на Обединетите нации. Тие упатуваат итен апел до владите реформите во оваа област да бидат нивен приоритет. Автор: Влатко Деков
Важноста на психоделичните супстанции во подобрувањето на менталното здравје на луѓето
Психоделичните супстанции, како што се псилоцибинот, ајахуаската, ДМТ, комбо, пејот, ибогаинот, сан педро, мескалин и ред други растенија, му се познати на човекот од памтивек (од пред десетици илјади години), а дел од нив, од синтетичко и индустриско потекло, немаат ниту еден век старост, како што се ЛСД, МДМА и други. Но, и овие постариве и овие поновиве имаат или може да имаат голем позитивен импакт врз човековото ментално здравје и когнитивниот развој. Автор: Филип Секулоски
Брејкинг гуд: како серија за производство на дрога поттикна интерес за наука?
Во нашето семејство серијата „Брејкинг бед“ има култен статус заедно со филмовите „Амадеус“ или „Денот на мрмотот“. Во секојдневен муабет се одговара со реплики на главните ликови, цитати од неа се користат небаре се од античките класици, а петте сезони се изгледани по неколку пати – најпрвин линеарно од првата до последната, па наназад од последната кон првата, потоа по случаен избор, па неколкуте најдобри. Иако можеби и не е најдобар избор на содржини за воспитување на еден тинејџер во областа на популарната култура (насилство−дрога−секс), таа предизвика неочекувана нуспојава: едно 13-годишно дете се заинтересира за хемија до таму што го закачи Периодниот систем на елементи до креветот и почна да добива петки по овој предмет. Авторка: Илина Јакимовска
Кога во едно семејство има зависник од наркотици, тогаш речиси и да се чувствува како заедницата која е градена со години почнува да пука, дури и таму каде што била најцврста.