Има многу да се научи од холандскиот пример кога станува збор за спречување на предозирање и инфекции. DU News, член на видео мрежата Drugreporter посетија дропин центар во Амстердам. Она што може да се каже за нив, холанѓаните имаат одлични примери за услуги за намалување на штети.
Во Амстердам има 24 дропин центри и 3 соби за безбедно инјектирање дроги, сите се со слободен пристап. Иницијаторите за создавање на овие соби биле полицајци. Во целата земја постојат 32 безбедни соби за инјектирање. За мала земја ова е многу значаен број, кој не може да не успее да импресионира.
Пристапот на холандскиот народ за решавање на ваквите прашања е импресивен. Здравиот прагматизам и желбата за живење во хармонија без никакви обиди за присилно менување на тоа, високо развиента свест и толеранција, постапки базирани на докази се причина за нивните успеси во програмите за намалување на штети.
DU NEWS, како дел од проектот EECA Cities, посетија дропин центар во Амстердам. Погледнето го видеото за да видите каква е просторијата за конзумирање дроги, како функционира и која е поентата.
(Вклучете превод на знакот CC)