На 23 и 24 октомври во Тирана се одржа работилницата „Транзиција од поддршка на Глобалниот фонд кон национално ниво на финансирање: улога, можности и приоритети за граѓанското општество во Албанија“ каде што се собраа 29 учесници, вклучително и претставници на граѓанското општество, членови на ССМ, претставници на Глобалниот фонд CRG Team и CCM Hub, експерти од соседните земји и претставници на владините структури.
Албанските ХИВ и ТБ компоненти станаа подобни за редовно финансирање откако беа објавени алокациите за 2014-2016 па поради тоа земјата стана подобна за да добие финансирање за транзиција. Албанија ќе добие тригодишен грант за транзиција во периодот на распределување 2017-2019. Овој грант за транзиција се очекува да започне во јануари 2020 година и ќе биде значително помал – една третина од вредноста на тековните грантови на Глобалниот фонд. Спроведувањето на тековниот грант за ХИВ и ТБ на Глобалниот фонд завршува во декември 2019 година.
Според проценетата годишна потреба за одржување на одговори на ХИВ и ТБ пред поднесувањето на барањето за грант за транзиција, на Албанија и се потребни околу 3 милиони американски долари за ефективно решавање на двете епидемии. Оттука, потребни се 9 милиони американски долари во текот на 2020-2022 година, односно тригодишен период на грант за транзиција. Со алокација од нешто помалку од 6 милиони УСД во рамките на тековните грантови за ХИВ и ТБ, во моментов се исполнети околу 60% од потребата за финансирање. Без значително зголемување на домашното финансирање, јазот во финансирањето се очекува да расте во наредните години.
Покрај тоа, услугите за клучно погоденото население (КАП) во голема мерка ги спроведува граѓанското општество. Нивната скала, квалитетот и моделите на испорака треба да се подобрат во рамките на новиот грант за транзиција. Досега, овие услуги не се финансирани од домашни ресурси, иако има канцеларија за граѓанско општество и општо финансирање за граѓански групи во земјата. Националните стратегии за ХИВ и ТБ истекуваат во 2019 година, а додека Глобалниот фонд, во рамките на пилот ‘Проект за еволуција на CCM,’ ги поддржува реформите во управувањето со ХИВ и ТБ во Албанија, иако досега без јасен исход.
Застапувањето на заедницата и граѓанското општество е клучно во овој процес за да се обезбеди одржливост на одговорот. Се очекува, почнувајќи од 2020 година, бројот на невладини организации поддржани од Глобалниот фонд да стане двојно помал, што ќе се намали од 12 на 5, и останува нејасно што ќе се случува со активностите што ги спроведуваат овие 7 невладини.
Имајќи го во предвид овој контекст, Евроазиското здружение за намалување на штети (ЕХРА) во координација со Секретаријатот на Глобалниот фонд, одлучи да организира работилница за граѓанското општество и претставниците на заедницата во Албанија. Работилницата имаше за цел да помогне во подобрувањето на разбирањето на локалните претставници на граѓанското општество вклучени во одговорите на земјата за ХИВ и ТБ, на процесите поврзани со транзицијата на Глобалниот фонд што се одвиваат во земјава и исто така да се стимулираат идеите, планови и можности за нивно значајно вклучување во такви процеси. Сето ова би помогнало за да се обезбеди одржливост на ХИВ и ТБ одговор меѓу клучните погодени популации во Албанија.
Учесниците прво ги слушнаа информациите за чекорите што ги презема владата за подготовка за транзиција на интервенциите за превенција на ХИВ/ТБ од поддршката на Глобалниот фонд, а исто така и за ризиците поврзани со транзицијата за одговор на ХИВ и услуги од граѓанското општество. Претставниците на Министерството за финансии и Министерството за здравство ги информираа учесниците за сработеното за обезбедување на финансирање и склучување договори за социјална заштита од националните и локалните власти, вклучително на циклусите на јавниот буџет, можностите за застапување и влијание врз буџетот на централно и локално ниво.
Гости-активисти од Северна Македонија меѓу кои Влатко Деков и Црна Гора ги споделија своите научени лекции од транзициските искуства на нивните земји во однос на напорите за застапување во буџет што ги презема граѓанското општество во овие земји за да се одржи реакцијата на ХИВ кај КАП. Претставникот на Агенцијата за поддршка на граѓанското општество ги запозна учесниците за можностите за финансирање што се достапни за невладините организации, вклучително и оние поврзани со јавното здравство. На вториот ден од настанот, учесниците исто така имаа можност да дискутираат и да ги испланираат чекорите за застапување што треба да бидат преземени од граѓанското општество во најскоро време за да се обезбеди одржливост на услугите за КАП, како и да разговараат за нивните потреби за ТП поврзани со Глобалниот фонд.
Настанот беше организиран од Регионалната платформа за комуникација и координација за регионот ЕЕCА, чиј домаќин беше Евроазиското здружение за намалување на штети (ЕHRA).