Вечерта на 21 февруари, во Париз, членовите на ICRSE members Acceptess-T, Le Bus des Femmes, STRASS, и Sombrilla Latina повикале на решителна акција од француската влада и властите, за да се стави крај на репресивните закони што поттикнуваат стигма и насилство врз сексуалните работници.
Ноќта на 20-21 февруари, Џесика Сармиенто е убиена на нејзиното работно место во Боис де Булог. Таа била погодена од автомобил кој патувал со голема брзина.
Првите елементи на истрагата, соопштени од печатот, покажуваат дека автомобилот ниту запрел, ниту забавил и дека нападот бил намерен. Нејзиното убиство е дел од зголемениот бран на напади врз заедницата на сексуални работници во Франција откако се случи „шведскиот модел“ на криминализација на клиентите.
Во последните 6 месеци, најмалку 10 сексуални работници се убиени. Џесика била транс-перуанка, која дошла во Франција минатата година,. Таа се стремела кон подобар живот во оваа земја. Била дел од Acceptess-T. Ова здружение и помогнало од социјален, правен, здравствен и административен аспект, како и за засолниште, емоционална и човечка поддршка. Џесика била трансродова жена и сексуална работничка. Од примената на законот за криминализирање на клиентите, сексуалните работници, особено оние кои се мигранти, транс, црни или кои живеат со ХИВ, се најмногу погодени.