Услугите за скрининг или тестирање на дроги им овозможуваат на лицата кои користат дроги, хемиски да ги анализираат супстанциите што ги користат, да обезбедат информации за содржината на примерокот како и совети, а во некои случаи да обезбедат советување или кратки интервенции. т.е овие тестирања спасуваат животи.
Целта на ваквите услуги се различни, од собирање информации до намалување на штети со информирање и предупредување на корисниците за дрога на пазарот, во зависност од тоа кој и каде ги спроведува.
Постојат различни аналитички техники кои се користат за извршување на овие тестирања: од софистицирана технологија што е во состојба да обезбеди информации за јачината (моќноста) и содржината на тестираните супстанции, до комплети за самотестирање кои едноставно покажуваат присуство или отсуство на одредена супстанција (тестирање на реагенс). Исто така, тестирањето се врши на различни локации, кои вклучуваат фиксни лаборатории каде што поединци и организации можат да доставуваат примероци за тестирање (со резултати што пристигнуваат неколку дена подоцна) и мобилни лаборатории на фестивали или клубови кои даваат моментални резултати.
Мобилни или on-site (на самото место) лаборатории, се достапни на фестивали, забави и ноќни клубови во некои земји. Примери се услугите обезбедени од „Check it“, во Виена, „The Loop “ во Велика Британија, а оној што е можеби најпознат меѓу Србите е мобилната лабораторија на “Boom festival” во Португалија. Оваа форма на услуга е особено корисна за посетителите на фестивалите поради директната лична интеракција и советувања. Податоците од истражувањата покажуваат дека повеќето луѓе кои ги користат услугите за тестирање на дроги се задоволни и ги отфрлаaт супстанциите доколку се утврди дека содржат непознати или потенцијално опасни материи.
На пример, во Австралија, 90% од луѓето, што користат стимуланси на јавни настани, посочиле дека би користеле 90% вакви услуги, само доколку не постои ризик од апсење.
Недостаток на финансирање и правни компликации при работа со контролирани супстанции е пречка за спроведување на вакви програми на Балканот иако тие имаат важен аспект во јавното здравство, бидејќи резултатите се пренесуваат директно на поединци, придружени со совети за намалување на штети или кратки интервенции.
Услугите за испитување на супстанции на фиксни локации (како што се лабораториите во Швајцарија) генерално работат како услуга „Walk-in“, додека некои од нив се исто така достапни по пошта. (како во случајот со Energy Control во Шпанија).
Податоците од Швајцарија покажуваат дека ваквите лаборатории се во можност да даваат услуги на различно население, особено на оние за кои се верува дека живеат во ранливи услови или се невработени. Добрата работа кај овие лаборатории е што тие ја користат најновата технологија. Една од најдобрите комбинирани алатки е гасна хроматографија-масена спектрометрија. Тоа е аналитички метод кој обично може да одреди кои супстанции се наоѓаат во примерокот. Лошата страна е што мора да почекате некое време за резултатите, а во некои случаи мора да го испратите вашиот примерок на друго место за да ги добиете резултатите. Некои услуги наплатуваат за оваа услуга, па лошата страна е што таа не е секогаш достапна за секого.
Тестирање со реагенс, (и / или самотестирање), е употреба на специфични хемиски смеси кои со интеракција со компонентите на одредени специфични дроги даваат реакција во боја. Некои од најпопуларните се Маркиз, Манделин, Меке, Ерлих, Либерман, Симон, Фолин. Воглавно се користат различни комбинации на овие производи, во зависност од супстанцијата што се тестира. Иако тестирањето со реагенси не е совршено, сепак употребата на реагенси, особено повеќекратни тестови, е тоа што веројатноста за земање неочекувана супстанција може да се намали. Постојат услуги од ваков вид обезбедени од организации како што е SIN од Варшава, каде тестирањето на реагенсот можете да го направите сами.
Она што засега е лесно достапно во Србија и Северна Македонија е информацијата.
Во последниве години во светот комуникацијата преку разни апликации се зголеми, па затоа во 2016 година беше објавена апликација наречена KnowDrugs, што е комбинирана база на податоци за тестирање на дроги. Во 2019 година беше развиена апликацијата TrippApp.
TripApp е мобилна апликација дизајнирана да ги намали штетите поврзани со употреба на психоактивни супстанци, преку обезбедување на доверливи и искрени информации на луѓето за дрогата и привлекување членови на заедницата кои се активно вклучени во овој процес.
Затоа е развиен системот за брзо предупредување, кој ќе ве предупредува за особено ризичните серии на дроги во вашата област, само неколку часа откако ќе се идентификуваат во една од лабораториите со кои се соработува. Покрај тоа, во апликацијата е достапна мапа на услугите за намалување на штетите од тековно 17 европски земји како и за законодавството во 30 различни земји составено од Европскиот центар за мониторинг на дрога и зависност од дрога (ЕМЦДДА).
Извор: http://www.regeneracija.org/