Американските тинејџери користеле вапорајзер за канабис повеќе од било кога, според годишниот извештај на Владата за употреба на дрога. Тоа било “драматично зголемување” во стапките на употреба на канабис во текот на минатата година.
Од средношколците, 37,3 проценти пријавиле дека користеле вапорајзер минатата година – што било скок од скоро 10 проценти за разлика од минатогодишното истражување на Националниот институт за злоупотреба на дроги. Тоа бил единствениот најголем скок во стапките на употреба на која било дрога за една година – дури и повеќе отколку висината на процентот за употребата на канабисот во 1970-тите. Според анкетата, во кои учествувале ученици од 8, 10 и 12 одделение се повеќе користеле вапорајзер.
Но, тоа и не било така лоша вест. Употребата на тутун била на најниско ниво откакако Националниот институт за злоупотреба на дроги започнал да го следи користењето на дрогите кај тинејџерите.
Само 3,6 проценти од средношколците секојдневно пушеле цигари, во споредба со 22,4 проценти кои се пријавиле пред две децении, според истражувањето. Употребата на опијати, исто така, опаднала за речиси 1 процент од минатата година, ова било “значителна промена”, според истражувачите кои го спровеле истражувањето. Особено, употребата на хероин била сеуште на многу ниско ниво кај испитаниците. (Само 0,4 проценти од сениорите пријавиле употреба на хероин во последната година.)
Сепак, истражувачите биле загрижени дека употребата на вапорајзер можела да доведе до употреба на дрога и дека некои тинејџери можеле да развивајат зависност од никотин, дури и без тие да биле свесни за тоа.
Повеќе од една четвртина од анкетираните тинејџери изјавиле дека користеле вапорајзер само со вкус во изминатата година, но ЈУУЛ – најпопуларниот бренд за вапорајзери – не нуди опции без никотин.
ФДА во септември објавиле дека размислуваат за забрана на електронските цигари со вкус, поради “епидемија” од зголемена употреба кај деца и тинејџерите.
“Истражувањата ни раскажуваат дека тинејџерите што корителе вапорајзер биле изложени на ризик да можат да почнат со користатење цигари, па додека ние го славиме успехот за намалување на стапката на употреба на цигари во изминативе години, мора агресивно да продолжиме со едукативниот ефорт за сите продукти кои што содржат никоти” изјавила Нора Д. Волков, директорка на Националниот институт за злоупореба на дрога во едно соопштение.
Од друга страна пак бројот на тинејџерите кои користеле нелегални дроги, како што се кокаин и МДМА, бил на историско ниско ниво согласност спроведената анкета. Додека пак употребата на канабисот останува стабилна, односно дневната употреба на канабисот рангирала помеѓу 5 и 6.6 проценти во последните 20 години. Повеќето од тинејџерите кои што учествувле во анкетата пријавиле дека повеќе користат канабис секојдневно отколку цигари.