Вчера, по повод Меѓународниот ден на жената, се одржа четвртиот по ред Марш за женски права. Маршот беше организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права, и е посветен на жртвите на родово базирано насилство, под мотото „Ти не си виновна!“.
На маршот се побараа итно воведување на сеопфатно сексуално образование, заштита и превенција на семејно и родово базирано насилство од институциите, но и стопирање на двојната виктимизација која постои во повеќе институции побараа денеска активистите за женските права кои попладнево маршираа во Скопје по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март.
– Јас не познавам ниту една жена која не била жртва на некаков вид на родово базирано насилство или возменирување, тоа е нашата реалност. Обвинувањето на жртвата мора да заврши. Оваа година марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“, поттикнати од еден од најодвратните случаи на родово базирано насилство во земјава, односно телеграм групата „Јавна соба“, каде стотици девојки и жени беа изложени на родово базирано насилство, а тоа не беше адресирано како такво во јавноста – рече Димитрова.
– Бори се за немоќните, бори се за себе. Бори се за воведување на сексуално образование во училиштата, затоа што еманципирана младина е здрава младина и среќна младина. Бори се против стигмата и табуата, охрабри се, биди емпатична и силна. Отсрами се, врати им го срамот на оние кои им припаѓа и повтори си јас не сум виновна. -Мери Цветковска од ХЕРА