Започна национална кампања во Велика Британија, за подигање на свеста за налоксон и предозирање, преку постери на кои се луѓе кои биле лично погодени од предозирање и сега носат налоксон сами.
Првиот панел билборди беа прикажани низ Лондон и Манчестер, а повеќе ќе следат во текот на месецот во Бирмингем, Бристол, Кардиф, Единбург и Глазгов.
Кампањата ја нагласува важноста да се направи налоксонот достапен за секој кој е изложен на ризик од предозирање со опијати или веројатно ќе биде сведок на предозирање, како и потребата за правилно разбирање на ризиците од предозирање. Сите вклучени во кампањата се целосно обучени за превенција од предозирање. Кампањата е дизајнирана да поттикне поширока јавна дебата и да ја оспори стигмата што лесно се применува на луѓето кои користат опијати.
„Она што оваа кампања прекрасно го демонстрира преку својот пристап против стигмата е човечкото лице на луѓето со вистинско искуство“, – директор на „Рилис“, Ниам Иствуд, чија организација долго време се залага за пошироко обезбедување на налоксон.
‘Токму ова човештво е често игнорирано од политичарите, медиумите и другите агенции кои сакаат да ја обезличат оваа ранлива популација. Ова мора да заврши и мора да признаеме дека стигмата убива. ’
#naloxoneposter