Гласачите во Денвер одобриле иницијатива за гласање на локално ниво за декриминализација на псилоцибин печурки, попознати како психоделични печурки.
Она што се мислело дека е неуспешен напор на вечерта на референдумот кој се одржал оваа недела, всушност направило неочекувано враќање, кога избраните претставници на Денвер го објавиле конечниот број на гласови, со мнозинство од 50,56% кои гласале во корист на Правилникот 301.
Акцијата не подразбирала легализација на псилоцибин печурките, туку ефективно блокирање од казнување или апсење на возрасни лица постари од 21 година и постари лица кај кои биле пронајдени овие печурки. На гласачките ливчиња било наведено дека возрасните лица ќе можат дури и да растат габи за лична употреба, и тие лица да не бидат приоритет за полицијата во Денвер. Промените ќе стапат на сила уште наредната година.
Ова што се случува во Денвер може да биде почеток на многу поголемо движење, кое бара безбеден пристап до псилоцибин поради неговата медицинска вредност. Поддржувачите укажуваат на истражување кое покажува дека псилоцибинот не предизвикува зависност и дека може да предизвика неколку посети од службите на брзата помош во споредба со другите нелегални дроги. Тековните медицински истражувања покажале дека овие печурки всушност можат да бидат добар лек за депресија и може да помогне да се спречи зависноста од никотин.
Во Ајова, пратеникот на републиканците неодамна предложил два закона за отстранување на оваа дрога од листата на контролирани супстанци во државата. И во Орегон и Калифорнија, целта на кампањите е добивање на слични прашања на гласачкото ливче за изборите во 2020 година.
Кевин Метјуз, директор на кампањата во Денвер, често го повторувал своето лично искуство со користење на овие печурки за лекување на она што го опиша како осакатена депресија. Тој изјавил на НПР дека резултатите од гласањето во Денвер покажале дека перцепцијата на општеството за психоделиците е променета.
“Нашата победа денес е јасен сигнал до остатокот од земјата дека Американците се подготвени за разговор околу псилоцибин”, изјавил тој.
Официјални лица од канцеларијата на ДЕА во Денвер рекле дека ќе продолжат да ги гонат случаите на поседување и трговија со псилоцибин. Според федералниот закон, овие печурки остануваат на Листа бр. 1, за која се смета дека нема “прифатена медицинска употреба и висок потенцијал за злоупотреба”.