Научниците откриваат дека новата вакцина против туберкулоза (ТБ), направена користејќи ослабен вид на обичен вирус на херпес, се покажала како многу ефикасна кај резус мајмуните и сега се движи кон тестирање кај луѓето. Новата вакцина против ТБ ја намалила севкупната болест за 68 проценти кај вакцинираните мајмуни. Околу 41 отсто од вакцинираните мајмуни биле целосно заштитени од ТБ, додека 30 отсто имале помалку тешка болест од невакцинираните мајмуни, а 30 отсто не покажале корист од вакцината. Ова ниво на заштита никогаш не било забележано во резус макаки со стандардна вакцина против ТБ.
„Повеќе од 1,7 милиони луѓе, секоја година умираат на глобално ниво од туберкулоза и пораст на видови кои се отпорни на третман со лекови. Потребен ни е подобар начин да се спречи оваа болест”, рече главниот истражувач на студијата, Луис Пикер, кој е вонреден директор на Институтот за вакцина и генетска терапија на OHSU и професор по патологија и молекуларна микробиологија и имунологија на Медицинскиот факултет OHSU.
„Бидејќи резус мајмуните се значително повеќе подложни на туберколоза отколку луѓето и со оглед на тоа колку е ефективна нашата нова вакцина против туберкулоза во овие мајмуни, чувствуваме дека човечката верзија на нашата вакцина би можела да има потенцијал да биде уште поефикасна во заштитата на луѓето” -Пикер.
TB болест е предизвикана од бактеријата Mycobacterium tuberculosis, се шири низ воздухот и може да доведе до насилни напади на кашлица кои вклучуваат плукање на крв. Повеќето луѓе заразени со туберкулоза дури и не го знаат тоа; само пет до 10 проценти покажуваат симптоми. Вакцина веќе постои но нејзината ефикасност варира.
Пикер и колегите ќе работат подобро да ги дефинираат биолошките механизми со кои работи нивната нова вакцина против ТБ. Тие исто така ќе работат со Вир Биотехнологијата од Сан Франциско, која има лиценцирани аспекти од нивниот ЦМВ- базиран пристап за вакцина, за да го прошири тестирањето со планови за започнување на хумано клиничко испитување во 2020 година.
Вир Биотехнологија планира да ја произведе вакцината против ХИВ/СИДА, која исто така е направена со ЦМВ, во 2018 година, а клиничкото испитување за човекот ќе биде закажано за 2019 година.
Успехот на двете вакцини досега во строгите модели на мајмуни доведоа до тоа Пикер и неговите колеги да веруваат дека нивниот ЦМВ-базиран пристап за правење вакцини има потенцијал да биде дизајниран за справување со различни заразни болести.