Тајланд планира да го декриминализира канабисот, откако стана првата нација во Југоисточна Азија која ја легализираше за медицинска употреба и за храна и козметика. Откако ќе се расчисти предлогот, ќе треба да го одобри министерот за здравство пред да стапи на сила.
Поседувањето канабис во Тајланд моментално се казнува со затвор до 15 години, но потегот за декриминализирање ќе им овозможи на луѓето, пристап до канабисот без страв од долги затворски казни и високи парични казни.
Тајланд беше првата нација во Југоисточна Азија што го одобри медицинскиот канабис во 2018 година, потег каде што клучниот законодавец го нарече „новогодишен подарок“ за тајландскиот народ.
Видид Саридичаикол, заменик генерален секретар на ФДА, рече дека луѓето ќе имаат корист од декриминализацијата на канабисот.
„Ако успееме да го декриминализираме канабисот, ќе можеме да имаме корист од целото растение, а не само од негови делови“, – г-дин Саридичаикул.
„Цветните пупки и семиња би можеле да се користат економично и во согласност со законот“.
Тајланд направи чекори во текот на годините, за да ги олабават правилата за поседување и користење канабис. Додека законите сè уште забрануваат индивидуално поседување на канабис, на повеќе бизниси им е дозволен пристап до него.
Националната Администрација за храна и лекови (ФДА), оваа недела до одборот за контрола на наркотици, треба да предложи отстранување на канабисот од списокот на забранети дроги.
Минатата година земјата го декриминализираше кратомот, психоактивно растение слично на опијатите, кое потекнува од тропските земји од Југоисточна Азија.
„Иако промената на законот ќе дозволи сите делови од канабисот да се купуваат, продаваат и користат, рекреативната употреба најверојатно ќе остане контролирана“,- Чајват Соучароенсук, аналитичар во Крунгсри.
„Производителите на сапуни, производи за убавина и козметика од канабис најверојатно ќе бидат тие што ќе имаат најголема корист од декриминализацијата“.