СЗО препорачува вагинален прстен дапивирин (DPV-VR), кој може да се понуди како дополнителен превентивен избор за жени со значителен ризик од ХИВ инфекција, како дел од приодите за комбинирана превенција.
DPV-VR е опција иницирана од жени за да се намали ризикот од инфекција со ХИВ. За правилно користење на прстенот, тој мора да се носи во внатрешноста на вагината за период од 28 дена, по што треба да се замени со нов прстен. Прстенот е направен од силикон и лесно се свиткува и вметнува. Прстенот работи така што полека се ослободува антиретровирусниот лек „дапивирин“ од прстенот во вагината, во текот на 28 дена.

Две рандомизирани контролирани испитувања во фаза III откриле дека користењето на DPV-VR го намалува ризикот од ХИВ инфекција кај жените и долгорочната употреба е добро толерирана. Студијата за прстен покажа намалување на ХИВ за 35% кај жени кои користат DPV-VR, а студијата ASPIRE за 27% намалување на ризикот.
Резултатите од отворените студии за продолжување на испитувањата покажаа зголемување на употребата на прстенот и податоците за моделирање сугерираат поголемо намалување на ризикот – за над 50% во двете студии – во споредба со испитувањата во Фаза III. Секундарните анализи на податоците од испитувањето сугерираат и поголемо намалување на ризикот кај жените кои постојано користеле DPV-VR.
DPV-VR има за цел да го намали ризикот од стекнување на ХИВ за време на вагинален секс за жени кои се изложени на значителен ризик за ХИВ како комплементарен пристап на превенција, покрај другите безбедни сексуални практики. Може да се понуди заедно со орален PrEP како избор за жени кои не сакаат или не се во можност да пијат дневна орална таблета. Додека вагиналните прстени за контрацепција се достапни веќе неколку години, DPV-VR е првиот вагинален производ за превенција на ХИВ. Во тек е истражување за развој на вагинален прстен кој вклучува и контрацепција и превенција од ХИВ.
Повеќе на страната на WHO.