Помеѓу 1-ви и 3-ти јули 2019 година, тимот од HESED – Иницијативата за здравство и социјален развој од Бугарија, ги посети другите членови на SWAN, меѓу кои сме и ние ХОПС и СТАР-СТАР во Македонија. Оваа студиска посета беше поддржана од SWAN во рамките на проектот за “Регионални градови”, финансиран од Глобалниот фонд.
Глобалниот фонд си замина од Бугарија пред неколку години, со тоа повеќето сервиси за сексуалните работници беа затворени. Она што постоеше во HESED се обидуваше да го задржи најмалиот минимум на доброволна основа. Оваа предизвикувачка средина за услугите и недостатокот на соодветна поддршка, исто така, влијаелеа на нивото на мобилизација и учеството на членовите од заедницата.
До денес, во земјата нема организирана група водена од сексуални работници. Ова е причината да неколку заинтересирани членови на заедницата, поддржани од SWAN член на HESED, заедно со локален адвокат и Иницијативата за здравство, заеднички ја посетат Македонија како би научиле за македонските искуства во мобилизирањето на заедницата, улогата на давателите на услуги и правната поддршка во мобилизирањето на заедницата, како и стратегиите за одржување на услуги и интервенции во рамките на заедницата.
Групата се сретна со сексуални работници на терен и го посетија дроп ин центрот на ХОПС, каде што имаа можност да разговараат со активисти од заедницата и параправници, социјални работници и адвокат и ја посетија локалната организација за сексуални работници СТАР- СТАР, каде што дискутираа за нивните искуствата во мобилизирањето на заедницата и процесите на градење на капацитетите.
Состанокот заврши со размена на идеи и претставување на идните чекори во Бугарија за тоа како да се вклучат во заедницата и да иницираат заеднички собири и акции.
SWAN ќе продолжи да ја поддржува оваа иницијатива преку обезбедување на дополнителни собири и споделување на искуства со заедницитеоф регионот и бугарската група на активисти.