Swan Ceeca, во соработка со ICRSE, оддржа регионална конференција за зајакнување на активистичкото движење и мобилизација на заедницата на сексуални работници, преку програмата за имплементација на SWIT алатката од 8-10 октомври, 2019 во Будимпешта, Унгарија. Помеѓу учесниците беше и Северна Македонија.
Првите дневни дискусии се фокусираа на 3-годишниот напредок на RCF програмата, нејзините цели и задачи. Секоја земја направи презентација за преглед на нивните активности од 2016-2019 година, предизвици со кои се соочуваат, достигнувањата и информации за преземање на следни чекори.
Вториот и третиот ден беа посветени на размена на искуства и дискусии за зајакнување на активистичкото движење на сексуалните работници во регионот на Централна и Источна Европа и Централна Азија, и стратегии за тоа како да се надминат главните предизвици конкретно за мобилизирање на заедницата на сексуални работници.
За време на тридневниот собир, информациите и инспирациите се споделија меѓу активистите во регионот на Централна и Источна Европа и Централна Азија за многу теми, вклучувајќи:
1. Закани и трендови во регионот во врска со градењето на сексуалните движења;
2. Подобро разбирање за тоа како да се изградат меѓусексуални движења за социјална правда на начин на кој се вклучени сите сексуални работници.
3. Пакет влезни алатки на ICRSE преведени на руски и македонски;
4. Активности на програмата SWIT и следните чекори;
5. Мобилизација на заедницата:
– Новите лидери имаат подобро разбирање за тоа како работат регионалните мрежи и како можат поединечните активисти да имаат корист од нив.
– Активистите дознаа дека сите ние ги споделуваме истите вредности и вештини потребни за лице кое работи на мобилизација на заедницата во земјава;