Светскиот ден на хепатитисот се одржува секоја година на 28 јули за да се подигне свеста и да се промовира глобалната акција за вирусен хепатитис.
Хепатитисот е воспаление на црниот дроб. Постојат пет главни типови на вирус на хепатитис – А, Б, Ц, Д и Е. Хепатитисот Б и Ц доведуваат до хронични заболувања кај стотици милиони луѓе на глобално ниво, а заедно се најчеста причина за цироза на црниот дроб, рак на црниот дроб и смртни случаи поврзани со вирусен хепатитис.
Од 2019 година, околу 116 милиони луѓе во Западниот Пацифик живеат со хепатитис Б и 10 милиони со хепатитис Ц. Луѓето остануваат недијагностицирани и нетретирани. Во Западниот Пацифик, само 18% од луѓето кои живеат со хепатитис Б биле дијагностицирани, а 5% добиле третман. За хепатитис Ц, 25% од луѓето се дијагностицирани, а 10% добиле третман.
Овогодинешната тема, “Bringing hepatitis care, closer to you”, има за цел да ја подигне свеста за потребата да се поедностави и да се донесе грижата за хепатитис во примарните здравствени установи, во местата во заедницата и локации надвор од болничките локации, така што грижата е поблиску до заедниците и луѓето каде и да се тие.
Новите стратегии “The new Global Health Sector Strategies on respectively HIV, viral hepatitis and sexually transmitted infections for the period 2022-2030” ја нагласуваат важноста на грижата насочена кон личноста и системите и интеграцијата на услугите за да се постигне целта за елиминација до 2030 година. За да се постигне елиминација на хепатитис, најмалку 60% од луѓето кои живеат со хепатитис Б и Ц мора да бидат дијагностицирани и најмалку 50% подобни за третман мора да бидат излечени (хепатитис Ц) или да добијат третман (хепатитис Б) до 2025 година.
За да се случи ова, оние кои имаат потреба мора да имаат пристап до услуги за хепатитис кои се достапни, правични, ефективни, ефикасни, навремени и со прифатлив квалитет.
Како да се заштитите од хепатитис: