Грузија целосно ги презема трошоците за обезбедување на супституциона терапија во земјата, почнувајќи од 1 јули 2017 година. Оваа промена се случува како дел од процесот на транзиција на финансирање од страна на Глобалниот фонд, со тоа што отсега супституционата терапија ќе биде покриена со домашните средства. До сега, терапијата била финансирана преку програмите на Глобалниот фонд, каде се барало и партиципација од страна на клиентите. Само лицата кои живееле под националната линија на сиромаштија, или живеат со ХИВ се квалификувани за целосно покриени и бесплатни услуги.
Овие најави за промени ќе го елиминираат финансискиот товар за пристап до супституциона терапија за над 3100 постојани клиенти на програмите за намалување на штети, како и олеснување за идните клиенти.
„Ова е голем чекор напред и јасен одговор на потребите на поединци кои сакаат да се приклучат на програмите за супституциска терапија и одржување на третман “- вели Лела Серберјакова, програмски менаџер на Глобалниот фонд финансиран од програмата за намалување на штети.
Информациите можат да се прочитаат на веб сајтот на Законодавно-правниот Гласник на Грузија – http://bit.ly/2ifGcuw.