Во јануари 2021 година, International Drug Policy Consortium (IDPC), го договори својот Стратешки план за 2021-2023 година, по периодот на консултации со членството и партнерите.
Стратешкиот план и понатаму ја зацврстува позицијата на IDPC, како глобална мрежа за реформи во политиката за дроги, со над петнаесет години искуство и постојано расте во угледот, големината, обемот, влијанието и опсегот.
Стратешкиот план IDPC 2021-2023, ќе ја продолжи неповратната глобална динамика за реформа на политиката за дроги, ќе ги зајакнува партнерствата и ги продлабочува врските на солидарност со истомислените движења против угнетувањето.
Новиот стратешки план исто така ги ажурира визијата и мисијата на мрежата, како одраз на зрелоста, амбицијата и целта на движењето.
Како и со претходните стратешки планови, пристапот на IDPC се заснова на „придонес“ отколку на „припишување“, и секоја планирана активност ќе биде испорачана заедно со членовите на IDPC и други партнери – вклучително и мрежи предводени од заедницата.
Стратешки столбови
Како и неговите претходници, овој стратешки план е изграден околу столбовите на работата што ефикасно ја дефинирале и структурирале работата на IDPC за многу години:
- Вмрежување и комуникации (Вклучувајќи медиумски ангажман).
- Градење докази (Истражувања и публикации).
- Меѓународно застапување (Вклучувајќи ги клучните форуми на ООН во име на мрежата).
- Регионално и национално застапување (Вклучувајќи кампања и други напори за поддршка на работата на членовите).
Покрај тоа, овој Стратешки план интегрира и петти столб:
- Зајакнување на капацитетите, како одраз на постојано растечката побарувачка за обука, техничка помош и поддршка, на различна публика, региони и теми. Растечката улога на IDPC како главен примател на грант, координатор на проектот и натаму давател на грант на широк спектар на граѓански општества и партнери предводени од заедницата.
Области со приоритет
За прв пат, новиот стратешки план на IDCP дефинира и пет „приоритетни области“ за 2021-2023 година, по консултации и дискусии со членството на IDCP и партнерите:
- Декриминализација и реформи во кривичната правда.
- Влијанија врз политиката за дроги врз жените.
- Support. Don’t Punish кампањата.
- Вклучување на крос-ООН и Common Position.
- Заштита на просторот на граѓанското општество и градење сојузи.
ЛИНК до стратегијата