Четиринаесетто издание на Дроги – Политики и практики
Тема на бројот: Стимуланси
СОДРЖИНА:
Употребувајте паметно и секогаш правете периоди на апстиненција
Интервју со С.
Едукација е најдоброто решение. Имаме право да знаеме што точно употребуваме, како влијае тоа врз нашиот организам и здравје и како да ги намалиме ризиците.
Совети
Користењето психоактивни супстанции секогаш со себе носи ризици и затоа најдобро е да не се користат, но доколку се решиш да ги користиш добро информирај се за нивното дејство и како безбедно да ги употребуваш.
Допаминска конекција
Допаминот игра важна улога во зајакнување и мотивација на репетитивни однесувања, и врската помеѓу лимбичкиот (палеоцицачкиот) систем – делот од мозокот кој управува со емоциите – и нивоата на слободниот допамин ја составуваат заедничката врска на зависности на сите супстанции (но и надвор од супстанции – заљубување, коцкање, зависност од секс, компјутерски игри…).
Авторка: Ана Чушкова
Постои еден мит кој е исклучително раширен во сите свои варијанти, а тој најчесто почива врз идејата дека одреден тип музика автоматски повлекува одреден тип однесување. Не сакам да тврдам дека различните стилови на музика не влијаат врз изградбата на животни стилови, но директната и апсолутна врска меѓу конкретни проблематични однесувања и музиката едноставно е пресимплифицирано разбирање на комплексните процеси зад овие однесувања. Во 90-тите години, па и до ден-денес е раширен митот дека металците се сериски убици и сатанисти, турбофолкерите неписмени и небањати селани, а клаберите – „џанаци“. Овој неамбициозен текст има цел малку да ги замати овие позиции.
Авторка: Ирена Цветковиќ.
Студенти и амфетамински десетки
Во сетинг како што се универзитетите, каде што постојат бројни обврски, барања и очекувања од студентите, често е тешко да се најде оптимален баланс за здрав и прогресивен студентски живот. Амфетаминската студентска приказна е глобален тренд кој може да има страстен почеток, но наша одговорност е да ја знаеме целосната потенцијална приказна на начин кој е неосудувачки и негламурозен.
Авторка: Мартина Силјановска.
Граѓанските организации кои работат со ранливи групи речиси секојдневно евидентираат загрижувачки број на случаи во кои корисниците на дроги се соочуваат со пречки во пристапот до здравствени услуги, што значително го отежнува квалитетот на нивното живеење. Една од институциите која штити од дискриминација е Народниот правобранител. Оваа институција постапува во случај кога дискриминација се врши од страна на органите на државната управа и
од други органи и организации кои имаат јавни овластувања, вклучително и
здравствените установи, каде што спаѓаат и приватните здравствени установи, со
оглед на нивните јавни овластувања.
Авторка: Росана Богатинова.
Прирачник за корисници на дроги при контакт со полиција
Во прирачникот ќе најдете одговори на следниве прашања: Што ако ме фатат со дрога? Што треба да знам при преминување на граница ако сум на третман со метадон/бупренорфин? Дали судот може да ме принуди на лекување? Дали полицијата може да ме повика на разговор и дали мора да се појавам? Дали полицаец смее да ми го одземе метадонот/бупренорфинот? Кога полицијата може да ме претресе мене или мојот дом? Дали мора да се потпишам на записник при претрес? Кога можам да бидам приведен? Што мора да содржи судската наредба за приведување? Кога и колку може полицијата да ме задржи во станица? Колку најдолго можам да бидам задржан/задржана во полициска станица? Кои се моите права ако сум задржан, приведен или лишен од слобода? Како да го оствариш правото на бранител (адвокат)? Дали можат да ме задржат во станица за прекршок? Што ако полицаец ми се заканува или ме присилува нешто да кажам или направам? Кога полиција може да употреби физичка сила? Каде да се обратам во случај на прекршување на моите права од страна на полиција? Кои организации можат да ми помогнат?
Преземено од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“, Скопје.
Лична етнографија: седативите како валута за време
Никој не знае што ја причинува болката. Никој освен К. Г. Јунг. Никој не знае како поминува, како оздравува душата. Никој освен Христос. Во меѓувреме, имаме некакви таблетки, докторки со мудрост на ниво на турски серии, другари со жалослив поглед, мајки што во нашата болест дупло се разболуваат. Им благодарам на сите ним. Им благодарам на медикаментите. Седативите ми купија време без кое не ќе можев сега да пишувам за сето ова од ваква пријатна дистанца.
Лудиот мед или слатко-горчливиот халуциноген
Актуелниот македонски документарец „Медена земја“ ја раскажува приказната за Атиџе, последната „кротителка“ на диви пчели во Европа. Но, еден друг „див“ или повеќе „луд“ мед се произведува во планините на Турција и на Хималаите во Непал. Во мали количества тој е корисен лек. Во поголеми е психотропна супстанција.
Авторка: Илина Јакимовска.