Некои вработени во “Старбакс” се пожалиле дека наоѓале и често се повредувале од употребените хиподермични игли што корисниците на дроги ги оставале во бањите во кафулињата.
“Старбакс” ќе започне да поставува канти во кои што ќе можат да се фрлаат употребените игли во некои од тоалетите како одговор на петицијата од вработените во која било наведено дека, бармените и другите вработени во кафулињата често наоѓале искористени хиподермички игли во канти за отпадоци, канти за отстранување на тампон и кај местата наменети за промена на пелените кај бебињата. Петицијата била објавена на /www.coworker.org/ и има добиено и повеќе од 3800 потписи за кратко време.
Вработените ризикуваат да се боцнат и некои од нив и се боцнале, дури и кога го следат протоколот за користење на ракавици и штипки за отстранување на употребени игли оставени во тоалетите, во кутии за отстранување тампони и на местата наменети за менување на пелени.
Некои од организациите за намалување на штети од употреба на дрога ја пофалиле одлуката на Старбакс, да ги инсталира овие контејнери во некои од тоалетите. Џулија Рицлер-Шелинг, директорка на здравствената иницијатива за здравствена заштита на заедницата во групата Трилиум изјавила дека ваквите контејнери би биле од голема корист за заедницата.
“Она што ќе се направи е да им се даде на членовите на заедницата, односно на лицата кои што употребуваат дроги, на вработените, некое чувство на сигурност дека постои соодветно место каде што ќе можат да ја фрлат искористената опрема, ако некој друг го користи во тоалетот”- Рицлер-Шелинг.