На ден 27.05.2021 година со почеток од 19 часот во хотел Панорамика во Скопје, СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот одржа јубилеен настан насловен како “Декада на гласност, транспарентност и отчетност на сексуалните работници 2010-2020”
Настанот се одржа во рамките на истоимената кампања насловена Декада на гласност, транспарентност и отчетност на сексуалните работници со која го одбележува работењето и постигнувањата на организацијата во периодот од 2010 до 2020 година.
Во рамки на оваа кампања за овој значаен јубилеј беше промовиран Десетгодишен извештај за програмите, активностите и финансиското работење на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје за периодот од 2010 до 2020 година кој беше промовиран за време на настанот. Овој десетгодишен извештај ги забележа клучните достигнувања на организацијата во мисијата, стратешките области на делување, реализацијата на стратешките определби и цели, а содржи и финсисиски дел во кој се наведени сите извори на финансирање на здружението. Овој извештај служи и како потсетник за донаторите и општата публика за прогресот и напредокот во борбата за правата на сексуалните работници/чки за кои СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот се залага од почетоците на своето постоење, за кои и во иднина ќе продолжи неуморно да работи со сите свои капацитети.
На настанот присуствуваа наши партнери, поддржувачи и соработници од граѓанскиот сектор, претставници од домашните и меѓународните институции и организации, како и активистки за правата на сексуалните работници/-чки.
Јубилејот започна со поздравен говор на Претседателот на Здружението и Претседателката на Управниот одбор на Здружението кои дадоа краток осврт на развојот на Здружението од самото основање до сега. Им беше оддадена почит на прерано заминатите заслужни особи за напредокот на СТАР-СТАР низ годините.
Преку онлајн јавување се вклучи и Лука Стивенсон од Меѓународниот комитет за праватa на сексуални работници во Европа кој имаше кратко излагање за соработката во областа на унапредувањето на правата на сексуалните работници, како и пофални зборови за целокупната работа, раст и развој на СТАР-СТАР.
Својата благодарност кон Здружението за сите заложби, поддршка и заштита кон сексуалните работници/-чки во нашата земја ја искажаа и три активистки за правата на сексуалните работници, кои одржаа краток говор пред присутните.
Од страна на раководството на СТАР СТАР на нашите најзаслужни партнери, поддржувачи и соработници им беа доделени признанија односно благодарници од чија страна при преземањето на признанието/благодарницата беа искажани упатени пофални и емотвни зборови кон Здружението.
Настанот беше организиран според Протокол за заштита и спречување на ширење на коронавирусот согласно тековните мерки и препораки за заштита од коронавирусот.
Повеќе фотографии од настанот може да погледнете на овој линк. Фотографиите се на Ванчо Џамбаски.