СТАР – Прв Колектив на Сексуални Работници на Балканот го одбележа Меѓународниот ден на гордоста на сексуалните работници

0

СТАР – Прв Колектив на Сексуални Работници на Балканот, и оваа година се придружува во одбележување на 14-ти септември – Меѓународниот ден на гордоста на сексуалните работници. Денес ја слават моќта на сексуалните работници и сите успеси што ги направија горди како колектив на сексуални работници во изминатата година во нашата земја, особено во време на пандемијата со КОВИД-19. Денес со гордост ги споделуваат успесите.

Со цел да им се даде поддршка на заедницата на сексуални работници за време на пандемијата со КОВИД-19, СТАР иницираше хуманитарна кампања за помош на сексуалните работници во Република Северна Македонија, кои имаат потреба од финансиска помош, како и обезбедување на храна и средства за хигиена. СТАР има отворено донациска сметка СТАР-СТАР СКОПЈЕ  КОВИД-19 ДОНАЦИИ, преку која се собираат финасиски средства за помош на сексуалните работници кои се наоѓаат во навистина тешка состојба.

Со досегашните собрани средства, се реализирани  серија на хуманитарни акции преку дистрибуирање на материјална помош со основни прехрамбени и хигиенски производи помеѓу заедницата на сексуални работници. СТАР – Првиот Колектив на Сексуални Работници на Балканот, организираа и хуманитарна онлајн аукција „Акција за реакција“ на донирани дела за помош и поддршка на сексуалните работници во време на криза предизвикана од КОВИД-19. Хуманитарниот онлајн беше организиран по повод одбележувањето на 2-ри  јуни – Меѓународниот ден на сексуалните работници, со цел собирање на финансиски средства наменети за помош и поддршка на сексуалните работници и нивните семејства, најчесто многудетни и на самохрани мајки.

Поради строгите законски ограничувања за време на пандемијата со КОВИД-19, сексуалните работници се соочуваат со губење на своите работни места, драстично намалување на клиентите, а со тоа и губење на приходите од кои им зависи езгистеницијата на своите семејства. Сексуалните работници се исклучени од националните економски мерки за помош, и поради тоа ние како колектив на сексуални работници се залагаме да ја заштититиме и да и помогнеме на нашата заедница.

Иницијативата за одбележување на Меѓународниот ден на гордоста на сексуалните работници, ја покрена NSWP (The Global Network of Sex Work Projects), и овој ден за првпат беше одбележан во 2019 година. Овој значаен ден има за цел да го слави самоопределувањето и зголемената видливост на заедницата на сексуалните работници и да ги покаже сите достигнувања на меѓународни организации предводени од сексуални работници во изминатата година.

 

Извор

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.