зодбија со многу признанија, а воедно многу филмови беа изгледани во текот на конференцијата. Затоа ние како организација ХОПСим се радуваме на нивните успеси и видео застапништво на Rights Reporter Foundation. Некои од случувањата и ќе ги наброиме:
- Интернационалната награда Rolleston доделена на Иштван Гавор Такац, RRF’s видео менаџер и Петар Сароси, директор на RRF, за нивната извонредна работа во полето на меѓународното застапување за намалување на штети.
- 25 филмови од повеќе од 15 држави се прикажани на конференцискиот фестивал на филмот под наслов „Drugreporter филмски сесии“.
- 6 филмови произведени од Rights Reporter Foundation беa прикажани на конференцијата.
- 5 филмови произведени од членови на мрежа за видео застапување.
- 3 сесии кои што вклучува и спикер од RRF, поврзани си проблеми како што се намалување на штети во Унгарија, намалување на просторот за граѓанско општество и популизам.
- 1 сесија водена од корисник на дрога и активист.
- 1 филм продуциран од нивниот тим и е презентиран на конференцијата на последната сесија.
Тимот кој го снимал филмот вели дека: “Намалувањето на штети е многу повеќе од намалување на штети. Намалување на штети е многу повеќе од ” сет на здравствени интервенции” кои што се дел од сеопфатниот пакет ОН за интервенција и превенција на ХИВ, многу повеќе од суплементарен додаток за политики на дроги. На крајот, намалување на штети е движење за слобода, социјална правда и за човечко достоинство.“ – Иштван Гавор и Петар Сароси
„И како што намалувањето на штети е многу повеќе од редуцирање на штети, така меѓународната конференција за намалување на штети е многу повеќе од само споделување на искуства, најдобри практики, и учење за нови трендови за намалување на штети. Многу од луѓето кои што доаѓаат на оваа конференција, најчесто се луѓе кои што работат во заедници кои што се екстремно репресивни и во непријателски средини.“ – Иштван Гавор и Петар Сароси
„Ако ние работиме во такви опкружувања и се будиме секој ден во свет кој се обидува да не нападне, да не дискредитира, или понекогаш и да не мачат или да не убијат нас или луѓето кои што ги сакаме, можеме многу лесно да ја загубиме вољата за подобар свет, можеме да ја загубиме мотивацијата за да продолжиме со борбата, и можеме да ја изгубиме и нашата доверба како човечки суштества.“ – Иштван Гавор и Петар Сароси