Во среда 14/06/2017 со почеток во 20 часот, во Кино Култура ќе се случува настанот СРАМОТА! Вечер на раскажување квир приказни, промо-настан за Викендот на гордоста во Скопје.
Таа вечер шестмина раскажувачи од јавната културна, политичка и општествена сфера ќе ни раскажуваат кратки приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам кој ја обележал нивната општествена ненормативност – оттаму, „квир“ како она што излегува од рамките на прифатливиот општествен код. Со овие јавно изговорени приказни, срамот се превртува и трансформира, исмејаниот станува исмејувачот – срамот се враќа назад кон оние кои занесени во својата арогантност и привилегија, претпоставуваат дека го имаат правото да бидат морална родова, сексуална и морална полиција и да понижуваат.
Со овие приказни, од срамот за нашите желби, задоволства, однесувања, движења и размислувања градиме наративи на отпор. Нашиот срам станува нашето задоволство и среќа. Наместо сведнатата глава и преплавувачкото црвенило, пркосиме. Наместо неподносливото гушење навнатре во себе, експлодираме од смеа. – Тимот на Skopje Pride Weekend
А оние кои ќе ја насмеат публиката се: Сашко Коцев, Мирјана Најчевска, Јасмина Никуљска, Ана Мартиновска, Никола Шиндре и Мирјана Најчевска.
Модераторки: Румена Бужаровска и Ана Василева
По раскажувачкиот дел следи журка со Илина Ангел, чија музика ќе не охрабри да го откачиме срамот и да го пронајдеме настраното во нас!
Линк до настанот на фејсбук.