Користењето психоактивни супстанции секогаш со себе носи ризици и затоа најдобро е да не се користат, но доколку се решиш да ги користиш добро информирај се за нивното дејство и како безбедно да ги употребуваш.
- Користење кокаин во високи дози и подолг временски период носи ризик од предозирање, создавање толеранција, навика на користење и зависност.
Најдобро е да се прават паузи меѓу две користења (денови, недели).
- Доколку користиш кокаин со шмркање, секогаш користи чисто цевче и не го споделувај со друг за да превенираш пренос на инфекции и избегнувај користење банкноти како цевче бидејќи е нехигиенски.
- Користење кокаин во комбинација со други стимуланси и депресанти како: мет/амфетамин, синтетски катинони, опиоиди, барбитурати, бензодијазепини, алкохол или други ГАБА-ергични супстанции носи ризик од предозирање.
- Инјектирање кокаин секогаш носи дополнителни ризици како опасност од предозирање, пренесување на крвнопреносливи инфекции (ХИВ, хепатит Б и Ц) и други здравствени проблеми. Ако користиш кокаин со инјектирање, користи само свој прибор за една употреба и применувај упатства и постапки за безбедно инјектирање.
- Побарај помош доколку кај себе или кај некој друг забележиш некои од следниве знаци кои може да укажат на предозирање: потешкотии во дишењето, болка во гради, повраќање, помодрување и губење свест.
- Грижи се за своето физичко и ментално здравје и побарај стручна помош секогаш кога ќе имаш потреба.