Во последниве години има зголемено медиумско внимание поврзано со одредени дроги како од типот на “Спајс”, “К2”, “Baths Salts”, “Flakka”, “Фентанил“, “Моли” и други. За жал, голем дел од покриеноста во медиумите со информации од страна на некои од најпознатите добронамерни новинари, нудат погрешни и неточни информации и погрешни терминологии. Многу често е тешко да се најдат угледни извори и информации за новите дроги, како на пример од типот на синтетички катинони “Baths Salts” или синтетичките канабиноиди “Спајс” или “К2”. Сето ова води кон неосновани митови и хистерии за овие супстанции во известувањето.
Ова е причината за да Алијансата за дроги и политики напише совети за новинарите за да им помогне во прецизно и конструктивно покривање на информациите поврзани со дроги. Со самите совети се пробува да се побијат некои митови и да се дадат описи на некои основни супстанции/дроги и нивните ефекти. Има многу недоразбирања во врска со дрогите и нивните ефекти, без разлика дали тоа се нови супстанции како синтетички канабиноиди или оние како МДМА.
Стефани Џонс, директор за односи со јавност на Алијансата за дроги и политики, се надева дека овие совети ќе се применат и нема да има повторувања на митовите во врска со некои дроги, а воедно јавноста ќе биде објективно информирана.
Подолу може да ги видите советите кои се надеваме дека ќе ги користат и нашите новинари, со што ќе ја едуцираат нашата нација малку попрецизно.