Што е кемсекс (сhemsex)?
Кемсекс (Chemsex) е термин со кој се опишува сексот меѓу -мажи кој вклучува употреба на дроги. Може да вклучи групи мажи, парови или самостојно мастурбирање. Важно е да запаметиме дека стрејт луѓето исто така употребуваат дроги и алкохол за секс и иако тоа не спаѓа под дефиницијата на кемсекс (chemsex), сепак и за нив постојат ризици во однос на сексуалното здравје.
Употребата на дроги за кемсекс (chemsex) е различна од рекреативната употреба на дроги и алкохол. Кога зборуваме за кемсекс (chemsex) тоа подразбира употреба на конкретни дроги (chems) кои го зголемуваат сексуалното искуство и ја намалуваат сексуалната инхибиција меѓу корисниците.
Причината поради која луѓето практикуваат кемсекс (chemsex) е промената на физичките сензации за време на сексот (зголемено задоволство и способност за сексуална активност подолго време) или промена на нивното психолошко искуство (зголемување на самодоверба или надминување на инхибиции).
Кои дроги се употребуваат за кемсекс (chemsex)?
Следниве три типа дроги се најчесто употребувани во кемсекс (chemsex):
- gammahydroxybutyrate/gammabutyrolactone (исто така познат како GHB/GBL (Џи-ејџ-би / Џи-
-би-ел), G (Џи) или Gina (Џина))
- mephedrone (meph ‒ меф или meow ‒ мјау)
- crystal methamphetamine (crystal meth ‒ кристал мет).
Понекогаш се земаат посебно или заедно со алкохол или со други дроги (како кокаин или екстази).
Кои се ризиците за кемсекс (chemsex)?
Кемсекс (Chemsex) дрогите ја менуваат нашата свесност и ако се употребуваат при секс ризиците за ХИВ и за други СПИ (сексуално преносливи инфекции) се зголемени на различни начини:
- Со намалени физички инибиции можноста да не употребиш кондом е поголема, дури и ако претходно си планирал заштита.
- Можеш да заборавиш во кои активности си учествувал и дали си користел кондом.
- Доколку живееш со ХИВ можеш да заборавиш да ја земеш својата терапија.
- Може да имаш понасилен секс отколку што си навикнат, а да не го чувствуваш тоа поради анестетското дејство на дрогите како Џи-ејџ-би. Отворот на анусот може лесно да се оштети како последица на насилен секс или секс без лубриканти, што го зголемува ризикот од ХИВ и од други СПИ, вклучително и хепатит Ц.
- Доколку инјектираш мефедрон или кристал мет со споделен прибор (шприцеви и игли) го зголемуваш ризиот од ХИВ, од хепатит Ц.
Потентноста на дрогите како Џи-ејџ-би исто така влијае врз општото здравје и безбедност. Џи-ејџ-би ја зголемува можноста за „губење“ (passing out) што те прави ранлив на сексуален напад / силување. Без разлика на околностите и без разлика на видот и количината на дроги кои си ги употребувал пред сексот, важно е да запамтиш дека сексуален напад или силување не е дозволив и никогаш не е твоја вина.
Комбинацијата на хемиите (дрогите) и намаленото спиење може да доведат до краткотрајни искуства на психози кога може да се чувствуваш параноично или исплашено. Овие „епизоди“ понекогаш може да дејствуваат навистина уверливо или да доведат до халуцинации.
Летаргија или „паѓање“ исто така не е ретко по употреба на овие дроги, како и психолошка зависност. Пречестата употреба на овие дроги може да доведе до предозирање кое може да биде фатално.
Како да ги намалам ризиците?
Многу е важно никогаш да не чувствуваш притисок да земеш која и да е супстанција со која не ти е пријатно или не ја познаваш доволно. Сепак, и покрај тоа што сексот на дроги никогаш не е 100 % безбеден, за многу луѓе кемсекс (chemsex) е начин тие да уживаат и да го истражуваат сексот.
Ако планираш да учествуваш во кемсекс (chemsex), важно е да размислиш за твојата одговорност кон себе, твојата безбедност и твоето сексуално здравје, како и одговорноста кон другите со кои се забавуваш.
- Носи заштита со себе ‒ понеси многу кондоми и лубрикант. Доколку имаш PrEP понеси го како заштита од ХИВ.
- Биди информиран за својот ХИВ-статус.Најчест пренос на ХИВ-вирусот е меѓу луѓе кои неодамна добиле ХИВ и сè уште не знаат дека се позитивни. Редовно тестирање за ХИВ ќе те заштити тебе и другите.
- Забавувај се со луѓе на кои им веруваш. Планирајте како ќе се грижите еден за друг и воспостаете правила кои ќе гарантираат безбедност за групата.
- Дефинирај ги своите граници. Зборувајте за пожелни методи на заштита и биди многу јасен за тоа каков секс сакаш, а каков не сакаш.
- Остани свесен. Забележувај кои видови дроги и колкави количини употребуваш за време на секс забавата. Биди информиран за тоа како дрогите влијаат врз тебе.