Драги наши,
Ве известуваме дека во дневните центри на ХОПС нема да биде можно задржување подолго од апсолутно неопходното, како претпазливост од ширење на корона вирусот.
Упатуваме апел до сите луѓе кои употребуваат дроги, сексуални работници и нивни семејства во следниот период да ги посетуваат дневните центри само во итни и неопходни случаи, и при тоа да ги почитуваат мерките за заштита.
Теренските тимови продолжуваат со работа според распоредот.
Потсетуваме дека дел од нашите услуги може непречено да се добијат и по телефон (социјални, правни, здравствени и други советувања) за што може да се обратите на:
- Дневен центар за намалување на штети од употреба на дроги Кисела Вода (10-14ч)– 02/313-0058
- Дневен центар за намалување на штети од употреба на дроги Шуто Оризари (10-14ч)
– 02/520-2071 - Дневен центар за рехабилитација и ресоцијализација / о.Центар (10-15ч)
– 02/263-0499 - Дневен центар за поддршка на сексуални работници Гази Баба (13-17ч)
Или пишете ни на фејсбук за да бидете соодветно упатени.
За размена на стерилен прибор за инјектирање и дистрибуција на кондоми и лубриканти во Скопје, а по потреба и за други услуги, на располагање се и нашите теренски тимови:
- Теренски тим за намалување на штети од употреба на дроги: 075/769-948
- Теренски тим за поддршка на сексуални работници: 077/672-460 и 075/380-930 (Шуто Оризари и Топаана)
Ви благодариме за разбирањето и апелираме целосно да се почитуваат мерките за заштита препорачани од Министерството за здравство достапни на http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/