Во целиот свет, 31 март се одбележува како Меѓународен ден за проверка на дрогите, иницијатива спроведена од разни групи на организации каде сите играат активна улога во испораката на услугите, мотивација ДПНСЕЕ да ја објави оваа изјава, со цел да се нагласи важноста на имплементацијата на услугите за проверка на дрога, како рана интервенција во различни поставки за употреба на дрога.
На Генералното собрание, одржано во декември 2017 година, организациите членки на ДПНСЕЕ наведоа бројни бенефиции и предизвици поврзани со имплементацијата на услугите за проверка на дрога како брза интервенција за намалување на штети. Оваа изјава ги истакнува ставовите на Мрежата со тоа што проверката на дроги претставува суштински аспект на политиката за јавното здравство, како што е препорачано од Светската здравствена организација [1] и дополнително е развиена од агенциите на ЕУ и разни европски земји [2].
Дури и малкуте докази за ефективноста на услугите за проверка на дрога, за однесувањето на корисниците на дрога, здравствените резултати, историјата на услугите за проверка на дроги во други земји може да помогнат да се води добра практика. Врз основа на резултатите и евалуацијата на проектите што се спроведуваат во Европа, интегративните делови на услугите за проверка на дроги, идеално е да вклучат следење на пазарите за нови дроги/опасни дроги, како и јачината на одредени супстанции, но и не мора. Тие, исто така вклучуваат собирање на податоци за моделите на земање дрога. Дизајнирање на услуга која им се допаѓа на целната група која им нуди целосен спектар на образовни информации, препознавање на раните знаци кои би можеле да доведат до проблематична врска со супстанциите, советување и упатување кон услуги кои се фокусираат на ефективни методи на третман во рамките на постоечкиот систем за нега од дроги, тие услуги треба да го подобрат разбирањето на клучната популација и да понудат одговор за кризата во развој.
Постои растечки интерес за имплементација на овие услуги во повеќето земји од Југоисточна Европа. Правните бариери може да се решат со прилагодување на сегашните закони. Тоа ќе направи простор за реализација на основната програма за намалување на штети во рекреативни поставки, на места и случаи каде што не може да се обезбеди проверка на дрога.
Имајќи ги услугите за проверка на дрога поддржани од Владите, покажува дека националните држави сериозно го земаат проблемот со употребата на дрога. Исто така, создава патека преку која може да се подобри ефективноста на задолжителните национални системи за рано предупредување, кои моментално немаат врска со клучната популација. На тој начин може да поддржува создавање на јасна слика за употребата на дрогите на терен, поширока слика отколку само фокусирање на податоци собрани преку полициски рации или болнички записи за случаи на предозирање или високоинтоксични лица.
Мрежата за политики за дроги силно ги поддржува развојните напори за подобро решавање на проблемот со нови психоактивни супстанции. Ги повикуваме сите граѓански организации, влади и здравствени институции да ги надминат пречките за спроведување на програмите за проверка на дроги, со цел да создадат мултиспектрален системски одговор на кризата што се појавува, за да може да се намали штетата и да се спасат животи.
Извештајот на англиски може да го прочитате ОВДЕ.
Извештајот на српски може да го прочитате ОВДЕ.
Извор:ДПНСЕЕ