На 7 ми декември од 18 часот, на Фејсбук страната на ХОПС, ќе се одржи дискусија на темата: “Социо-економски права на луѓето кои употребуваат дроги и сексуалните работници во време на пандемија”.
Модератор на настанот ќе биде Влатко Деков од ХОПС, учесници Маргарита Глигуроска – правна советничка во ХОПС и Борче Божинов претседател на здружението СТАР-Прв Kолектив на Сексуални Работници на Балкaнот.
Дискусијата има за цел да ги посочи проблемите со кои се соочуваат маргинализираните заедници при остварување на социо-економските права во периодот на пандемија предизвикан од КОВИД-19.
Говорниците кои активно работат за подобрување целокупната состојба на луѓето кои употребуваат дроги и сексуалните работници, преку истражувања и искуства од терен, ќе говорат за проблемите кои ја отежнаа и така веќе тешката состојба на овие две маргинализирани заедници во изминатите две години.
Настанот е поддржан од Влада на Република Северна Македонија, во склоп на проектот „Унапредување на менталното здравје и заштита на здравствените и социоекономски права на маргинализираните заедници за време на пандемија“ спроведен од страна на Здружение ХОПС-Опции за здрав живот Скопје.