Словенија е земјата која од март 2016 има пилот проект за отварање на соби за инјектирање. Овој проект ќе има две фази. Во првата фаза ќе има мониторинг со што ќе се следат промените во однесувањето на корисниците на дрога, промени во нивната здравствена состојба и развој на програмите за намалување на штети. Втората фаза на евалуација ќе се фокусира на локалната заедница и промени во локалната средина: бројот на употребени игли во заедницата, намалување на употреба на дроги на јавни локации, намалување отпадоците при вбризгување на јавни локации – Борут Бах, претседател на НВО. Националниот институт за јавно здравје ќе биде одговорен за надгледување, следење и оценување на пилот програмата.
Планираното времетраење на пилот програмата за отварање на соби за инјектирање е шест месеци, иако од организацијата „Стигма” се надеваат дека тие ќе имаат финансиска поддршка за да ја продолжат и по септември 2016 година.
„Ние се обидуваме да ги идентификуваме најдобрите услови за луѓето кои употребуваат дрога, во согласност со потребите на корисниците на дрога, преку истражувањето што е направено во ноември. Нашата актуелна програма зависи од достапноста на финансиски средства. Планот е да се има шест кабини за инјектирање, со работно време од 9.00 до 15.00 часот, иако тоа може да се промени. Една од планираните активности е да се создаде мрежа на организации и институции во Љубљана, вклучувајќи го и Центарот на Заедницата, центарот за токсикологија за ефективен одговор во случај на итен медицински случај.Освен спречување на заразни болести, другите главни цели на проектот се намалување на употреба на дрога на јавни простори, како и за подобрување на здравјето на јавноста за локалните заедници и жителите“. – Борут Бах