Судскиот процес во кој се вклучени група млади луѓе и трагичната смрт на една млада жена по користењето на МДМА, ја зафатил Белорусија.
На 4 август 2018 година, осум млади луѓе биле собрани во станот на Дијана Л. и земале околу 300мг МДМА, количина која што се сметала за тешка доза.
По земањето на втората доза, на Дијана и се слошило, почнала да добива грчеви по што починала веднаш; таа исто така земала антидепресивни лекови и најверојатно не била свесна дека комбинирањето на таквите лекови со МДМА би можело да доведе до серотонински синдром – смртоносна состојба. Нејзините пријатели се обиделе да ја реанимираат, но не ги повикале итните служби веднаш, тие чекале околу еден час поради нивниот страв од кривично гонење заради постоечките репресивните закони за дрога во земјата.
На 2 јануари 2019 година случајот бил донесен до судот Пиершамајски, во главниот град на Белорусија, Минск. Ова било првото кривично судење поврзано со овој случај и добил големо внимание од страна на државните и невладините медиуми.
Според член 328 од Кривичниот законик на земјата, обвинетиот се соочува со пет години затвор. Законот гласел: “Производство, преработка, поседување, транспорт или испорака на опојни дроги, психотропни супстанции или нивните прекурзори или аналози се казнува со ограничување на слободата за […] до пет години или затвор од две до пет години “.
Некои членови на локалната активистичка група, Движењето на Мајки 328, се обиделе да присуствуваат на судењето, тврдејќи дека кривичното дело било водено под погрешниот дел од член 328. Тие тврдеале дека обвинетиот треба да се соочи со уште построги казни и да биде суден под дел од законот што може да доведе и до 25-годишна затворска казна.
“Зошто луѓето обвинети помеѓу 2012-та и 2017-та година се предмет на такви остри казни, додека овие момци се наградени со великодушност и хуманост?” Натала Левчина активистка на Движењето на Мајки 328 објавила на својот Фејсбук профил. Таа тврдела дека властите бараат релативно полесни казни за да ги покажат своите наводно подобрени закони за дроги.
Левчина се осврнала на легислативната промена на политиките за дрога во Белорусија, при што казните за одредени прекршоци за дрога биле намалени во мај 2018 година. Промената била усвоена од парламентот, но била одбиена од страна на Министерството за внатрешни работи и Врховниот суд.
И покрај недостатокот на законски измени, практиките за спроведување на законот, наводно, биле омекнати во земјата, а за луѓето за поседување на дрога за лична употреба се применувале не толку строги казни. Сепак, поседувањето на дрога сè уште се сметало дека е кривично дело, а казните обично се движеле од една до пет години затвор.
Легализирај ја Белорусија, група за граѓански кампањи во Белорусија со цел да продолжи јавната дискусија за психоактивни супстанции во земјата, ја обвинила владата за ненамерно предизвикување на смртта на Дијана поради нивната прохибистичка политика за дрога.
Тие тврделе дека фокусирањето на застрашување ги обесхрабрувало луѓето од барање помош и дека законските промени изнесени од парламентот минатата година не биле официјално донесени поради неподготвеноста на Министерството за внатрешни работи или Врховниот суд да ги поддржат реформите.
“Додека употребата на дрога е кривично дело”, изјавил Стас Шашок од групата “ваквите смртни случаи ќе продолжат да се случуваат”.
Активистите од групата присуствувале на судењето и поделиле летоци на кои биле испишани практики за намалување на штети, за побезбедна употреба на дрога за оние кои биле собрани пред судот.