Интервју со Јака Битенц, ССКК
Коj сте вие? Што работите? Кое е вашето лично искуство со медицинскиот канабис и кои се разликите помеѓу вообичаените лекови и медицинскиот канабис за вашата состојба.
Јас сум активист, татко, човек кој се бори за своето здравје и за здравјето на другите во Словенија. Во моментов сум дел од тим кој прави тура низ Словенија и информирам колку што можам повеќе луѓе за поволностите од користењето на канабис. Се обидуваме да ги промениме законите, кои се речиси исти насекаде низ Балканот и немаат смисла. Го користам канабисот затоа што имам дијабетес последниве 23 години, а моето тело не го апсорбираше инсулинот доволно добро и немам друга здрава алтернатива. Во моментов користам само 30% инсулин затоа што инсулинот ги убива здравите бета клетки во нашите тела. Претпоставувам дека ова се прави намерно за фармацевтската компанија да произведе што повеќе зависници од инсулин.
Маслото од хаш (канабис) кој го произведуваме ми помага на неколку начини. Најпрво го смирува моето тело со тоа што ги намалува нивоата на адреналин, па можам да размислувам појасно, го стимулира панкреасот за да произведува инсулин самостојно и со тоа индиректно го намалува нивото на крв во шеќерот.
Секако најуспешната терапија е сеопфатна кога имаш соодветна исхрана, енергетски фреквенции итн.
Дали постои разлика во мислењата на Владата и на јавноста во врска со медицинскиот канабис пред почетокот на активностите на ССКК и сега?
Главниот мотив за отворање на ССКК сигурно беше мојот дијабетес затоа што оваа дијагноза за мене значеше дека морам да се боцкам со инсулин кој ме убиваше и ме правеше зависник.
Немав никакви правни проблеми, со исклучок на фактот дека морав да направам прилагодувања на статутот на клубот пред официјалните органи да бидат задоволни со резултатот. Мислењето на Владата, од друга страна, е јасно, самоснабдување не е дозволено, треба да сме среќни што можеме да ја информираме јавноста. Овде во Словенија е како и во повеќето земји во светот. Имаме тајни агенти и сите оние работи што ги гледаме по филмови.
Јавното мислење многу се смени од 2010 година наваму. Медиумите почнаа да пишуваат за поволностите на канабисот. Се случи за првпат во Словенија една граѓанска кампања да собере 28.000 потписи за три нацрт-
-закони, а тоа го постигнавме заедно!
Каква е вашата политика на зачленување и колку членови има ССКК?
Членовите на нашиот клуб се само медицински пациенти. Ние не смееме да имаме поинаква политика сѐ дури не се промени Законот. Бројот на членови се зголемува дневно, па затоа не можам да дадам точен број, но можам да кажам дека имаме повеќе од илјада членови во клубот.
Кој е главната цел на ССКК?
Целта на клубот е да им помогне на медицинските пациенти на кои официјалната медицина не може да им помогне, како и да го промени Законот така што ќе се дозволи самоснабдување со канабис во Словенија.
Можеш ли да кажеш нешто за активностите на ССКК?
Одржуваме состаноци со пациенти, предавања за историјата на канабисот и медицинската употреба, како и презентации за нацрт-законите низ Словенија. Слично им помагаме на пациентите од странство. Им помагаме да воспостават мали канабис клубови низ Словенија и се обидуваме да живееме во еден паралелен систем зашто не сме задоволни од нашата сегашна позиција.
Можеш ли да потенцираш неколку позитивни примери во врска со употребата на медицински канабис?

Канабисот е докажано дека лечи 105 болести, односно сите автоимуни болести. Многу е важно да се почне со терапија веднаш штом ќе се востанови дијагнозата. Маслото од канабис ја намалува крвта во шеќерот, нивото на холестерол во шеќерот, крвниот притисок, ја разредува крвта и помага за сон, дигестија – основно во третманот на ХИВ и разни канцери. Ова е само дел бидејќи консумирањето на канабис има премногу поволни ефекти за да можам сите да ги наведам во овој краток одговор затоа што прво би требало да го објасниме ендоканабиноидот, најкомплексниот метаболичен механизам во нашите тела…
Кое е твоето мислење за канабисот и иднината?
Нема веќе враќање назад. Добиваме нови докази секој ден. Иднината е светла, оптимисти сме.
Во периодот кога го водевме разговорот со Јака Битенц, членовите на ССКК спроведуваа интензивна кампања за промена на законската регулатива за канабис во Словенија. За жал, нивната иницијатива беше одбиена од законодавците во Словенија, но како што вели Јака, тие не се откажуваат од борбата.
Разговорот го водеше Жарир Симрин