Изминатиот период, од страна на Новинари за човекови права се оддржуваат одлични активности со децата од Дневениот Центар за деца на улица – Шуто Оризари, поддржани од ХОПС како дел од проектот “Скриениот херој во секое дете”.
Од активностите кои се случуваа се посета на претставата “Нашата љубов” во МНТ, работилници на теми менторирање англиски јазик, математика и природни науки. Работилница за комуникациски вештини, филмски ден, креативна работилница за изработка на честитки полни љубов, по повод денот на вљубените.
Овие активности ќе продолжат со прекрасните млади, одличните ментори и поддршката на ХОПС. #youthARYSE #ХОПС