Откако скоро половина од својот живот го помина зад решетки, 30-годишната жртва на сексуална трговија со луѓе, Синтоија Браун е помилувана од гувернерот на Тенеси во заминување, Бил Хаслам.
Преку нејзиниот адвокатот таа му се заблагодари на Хаслам за тоа што и дал втора шанса.
„Со помош на Бога, јас сум посветена да го поминам остатокот од мојот живот помагајќи им на другите, особено на младите луѓе. Се надевам дека ќе успеам да им помогнам на млади девојки да избегнат да завршат таму каде што завршив јас “ – Браун
Во јули 2004 година, кога имала само 16 години, Браун, побегнала од еден насилник во згрижувачкиот дом каде што престојувала, но подоцна била присилена на сексуална работа од нејзиното момче. Ја присилувал така што и давал дрога и постојано физички, емоционално и сексуално ја злоставувал.
Според сведочењето на судот, на денот кога го убила 43-годишниот Џони Мичел Ален, нејзиното момче ја претепало и ја принудило да заработи пари преку нудење на сексуални услуги. Ален ја однел во неговиот дом, кој бил преполн со пиштоли. Браун била исплашена за нејзиниот живот и го застрелала Ален во самоодбрана. И покрај тоа што било познато дека Браун била злоупотребувана постојано од повозрасни лица во нејзиниот живот, во 2006 година и било судено како на возрасна личност и била осудена за убиство од прв степен.
Во текот на изминатата деценија, нејзиниот случај привлекол внимание на национално ниво, истакнувајќи како правосудниот систем не успева да ги одбрани ранливите жени со потемна боја на кожа и жени жртви на сексуалната трговија. Во 2011 година, ПБС ја раскажале бескрајно трагичната приказна на Браун во документарен филм, со што нејзиниот случај привлекло уште поголемо внимание. Бројни активистички организации воделе кампања за нејзино ослободување, добивајќи поддршка од познати личности како Ким Кардашијан Вест и Ријана.
Но и покрај сите напори, Браун останала зад решетки со мала надеж дека некогаш ќе биде ослободена. Во 2018 година, Управниот одбор од Тенеси го одбил барањето за нејзиното помилување, а во декември државниот Врховен суд донел пресуда дека таа мора да издржи казна од 51 година пред да добие право на условна казна. Како што објавил РУТ, тогашните активисти на Black Lives Matter го зголемиле притисокот врз Хаслам, чиј мандат завршил во месец јули, 2019 година. Во декември 2018 година, од канцеларијата на Хаслам дале ветување дека ќе го разгледаат случајот на Браун.
„Синтија Браун извршила, од сопствено признание, ужасно злосторство на 16-годишна возраст. Сепак, наметнување доживотен затвор на малолетничка со барање да издржи најмалку 51 година затворска казна пред да биде квалификувана за условно ослободување е премногу грубо, особено во поглед на тоа што Г-ѓа Браун презеде нови чекори за обнова на нејзиниот живот“.
Во затвор, Браун се здобила со факултетска диплома од универзитетот „Липском“, со 4.0 просек. Она што е комплицирано, Браун била малолетничка за која згрижувачкиот систем се покажал како неуспешен, и повторно наидува на неуспех од правниот систем и од системот на кривичното право, па затоа таа морала да ги исполни очекувањата за примерен затвореник како би можела да биде ослободена.
Браун е ослободена вчера, на 7 август и ќе остане на условна казна 10 години со можност за вработување, можност да присуствува на редовни советувања и да извршува најмалку 50 часови општествена работа.