ЕУ реагираше во врска со употребата на синтетичкиот канабиоид MDMB-CHMICA, со тоа што дадоа предлог за “мерки за контрола” на територијата на ЕУ. Оваа одлука на Советот на ЕУ е усвоена во завршна фаза на законската процедура од три чекори со цел да се одговори на новите и потенцијалните опасни психоактивни супстанции (NPS) достапни на пазарот.
MDMB-CHMICA супстанцата за која станува збор, е забележана од јули 2016 година во 23 земји-членки на ЕУ, Турција и Норвешка. Преку анализа била идентификувана во примероците земени од 25 затруени пациенти и 28 починати. Во 12 од смртните случаи, MDMB-CHMICA е пријавена како причина за смрт или во придонесување за смртта. 16 земји-членки на ЕУ плус Турција веќе презеле чекори за да се контролира оваа супстанца во согласност со националното законодавство.
Оваа одлука е врз основа на наодите од формална процена на ризикот за дрогата, спроведена од страна на Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги ЕМЦДДА, во јули 2016 година, со учество на други експерти од земјите членки на ЕУ, Европската комисија, Европол и Европската агенција за лекови. Извештајот за проценка на ризик ги оценува здравствените и социјалните ризици на дрогата, како и меѓународната трговија за вклучување во организиран криминал. Заклучено е дека одредени количини на MDMB-CHMICA се среќаваат во растителни производи, а со самото тоа претставуваат сериозен ризик од акутна токсичност.
MDMB-CHMICA е првиот синтетички канабиоид рецептор прогласен од страна на ЕМЦДДА како ризичен. ЕУ во 2014 година го направи првото предупредување дека се продава како “легална” за замена за канабис. Продажбата се вршела преку хемиски компании и онлајн продавниците за трговија на мало во различни форми ( како во прав или како комерцијално брендирани производи ).
Подложување на контролни мерки за оваа суспстанца ќе влезат во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Европската унија. Земјите-членки потоа ќе имаат една година да воведат контроли во националното законодавство.
Извор: http://www.emcdda.europa.eu/