Неодамна, во Букурешт, Кејти Стоун посетила еден од неколкуте останати центри со програми за снабдување со метадон, лек за третирање на зависност од опиоиди и го пренесува нејзиното искуство за Фондација Отворено Општество.
Луѓето кои што ги запознала таму и објасниле за значајните предизвици со кои се соочуваат центрите за снабдување на метадон. Вознемирувањето од страна на полицијата било многу често, а недостигот на ресурси значи дека луѓето честопати биле принудени да чекаат неколку месеци за да можат да ја започнат терапијата со метадон. За оние лица кои што имале историја со употреба на дрога, ХИВ позитивниот тест значел продолжено страдање поради незаинтересираноста на владата за лекување на овие луѓе.
И покрај издржливоста на оваа програма наспроти непријателството, центрите биле исфрлени од зградата за неколку недели, а вработените трчале за да пронајдат ново место како би продолжиле со давање на потребната медицинска нега за клиентите. За жал, ова искуство не било единствено – стигмата, политичкото вознемирување и недостигот на средства за намалување на штетите од употреба на дрога се знак дека ова се случува низ целиот свет.
Од повеќе од 15 милиони луѓе ширум светот кои инјектираат дрога, повеќе од половина живеат со хепатитис Ц, а речиси еден од пет лица живее со ХИВ. Овие болести се целосно превенирани со програми за намалување на штети од употреба на дроги, како што се програмите за стерилна употреба за инјектирање и супституциона терапија.
Сепак, најновите истражувања од организацијата каде што работела Кејти, Интернационална мрежа за намалување на штети од употреба на дроги, откриле дека помалку од половината од 179 земји каде што била пријавена интравенска употреба на дрога ги спроведувале овие здравствени услуги. Во последните две години од последното известување, овој напредок стагнирал.
Намалување на штетите од употреба на дрога не е само програми за ХИВ и хепатитис Ц, опфаќа низа јавни здравствени и социјални интервенции кои имаат за цел подобрување на квалитетот на животот и почитување на човековите права и достоинството. Употребата на стимуланси од типот на амфетамин, наводно, се зголемувала низ целиот свет, особено во Азија, а земјите не се прилагодувале на овој тренд. На пример, достапноста на информации за побезбедна употреба и побезбедни сетови за пушење е ретка.
Кејти во своето сведоштво напишала дека не може да се зборува за намалување на штети, без да се адресира порастот на смртната стапка предизвикана од опиоидите во неколку региони – особено во Канада, САД и Обединетото Кралство, кои минатата година забележале рекордни жртви.
Налоксонот, кој што е моќен лек кој служи за превенција на предозирање со опиоиди, станува сè пошироко достапен. Но, цените и бариерите за препишување на рецепт за овој лек, заедно со тешките прописи за тоа кој можел да носи налоксон со себе, значи дека во многу области на луѓето на кои им е најпотребно не можеле да го добијат. Само 12 земји ширум светот поддржувале програми за дистрибуција.
Поддршката на недостатоците во намалувањето на штетите од употреба на дрога е недостатокот на политиките или финансиите и тоа преовладувало во повеќето земји. На едниот крај на спектарот, општественото и легалното непријателство наспроти употребата на дрога можело да создаде средина каде што луѓето кои што се проблематични поради употребата на дрога не сакале да пристапат до услугите поради стигма со која што се соочувале. Од друга страна, тоа се манифестирало со брутални мерки, како што е примерот со Филипините, каде што најмалку 20.000 луѓе биле егзекутирани во војната против дрога од 2016 година.
Извештајот од организацијата каде што работи Кејти ги потенцирал светлите точки, пробивни реформи и упорноста на активистите, давателите на услуги и некои креатори на политиката. На пример, бројот на земји кои го спроведувале намалувањето на штетите во субсахарска Африка растел, како пример таа ја навела достапноста на услугите за проверка на дрога во Латинска Америка, кој ги поддржувала луѓето да направат побезбеден избор. Канада превземала акција за да одговори на кризата од предозирање преку отворање на надгледувани простории за инјектирање и места за превенција од предозирање како би им се помогнало на луѓето да останат живи. На локално ниво, постоеле инспиративни примери на холистички и родово сензитивни програми за намалување на штети за жени кои користат дроги во Мијанмар, Шпанија и Мексико.
Што би било следно? За почеток би било добро земјите да ги пренасочат парите од неефективното спроведување на законот за дроги кон намалување на штети од употреба на дрога. Најмалку 100 милијарди долари годишно се трошеле за контрола на дрога ширум светот (случајно, во нивниот извештај од 2018 година [PDF], Канцеларијата на ОН за дрога и криминал забележала дека трговијата со дрога продолжува да расте). Префрлањето на само 10 отсто од овие средства за програмите за намалување на штети би можело да стави крај на СИДА кај луѓето кои инјектираат дрога, би можело да покријат трошоците за превенција од хепатитис Ц за оваа популација два пати повеќе и би имало доволно финансии за набавка на Налоксон како би се спасиле илјадници животи.
Доказите за услугите кои ги нуделе програмите за намалување на штети биле огромни. Тие ги одржувале луѓето во живот, биле ефективни и воделе грижа за поздрави и побезбедни заедници. Срамно е што овие факти биле игнорирани од многумина. Додека предрасудите и стравот не престанат да важат кога станува збор за политиката за дроги, здравјето на луѓето ќе продолжи да биде незаштитено.