Швајцарскиот парламент го проширил опсегот на законите против расизмот со цел вклучување на дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација. Интерсексуалците (луѓе родени со машки и женски хромозони и / или сексуални органи) и трансродовите луѓе, од друга страна, нема да уживаат во истото ниво на заштита.
Двата дома на парламентот го одобриле предлогот за криминализација на хомофобијата. Швајцарија со овој чекор се приклучила на земјите како што се Франција, Австрија, Холандија и Данска во преземањето на кривични акции против овој вид на дискриминација.
Хомофобијата со оваа промена ќе можела да се бори на ист начин како расизмот. На пример, лицето кое јавно изјавило дека „сите хомосексуалци треба да бидат затворени во кампови” можело да биде кривично гонето, а ова досега не било случај.
Со оваа промена хомофобичните телесни повреди би добиле шанса да бидат соодветно регистрирани и ова би значело задоволување на барањата на ЛГБТИК организациите за водење статистики за хомофобија.
Секој кој го прекршил законот со расистички или хомофобични дела, можел да биде осуден на три години затвор. Властите биле должни да интервенираат веднаш штом ќе дознаат за постоење на акти на омраза и дискриминација врз основа на сексуална ориентација.
Новиот стандард ќе им овозможел на лицата од ЛГБТИК заедницата да се борат против хомофобичните напади или изјави, како што се овие овие пет примери.
Дали е ова премногу или премалку?
Парламентот, сепак, одбил да ја додаде во законот дискриминација врз основа на родовиот идентитет, односно против транссексуалците или интерсексуалците на текстот на кривичниот амандман на законот. Мнозинството парламентарци, сметале дека родовиот идентитет е премногу нејасен концепт.
Некои се прашувале дали е навистина потребно проширување на списокот на кривични дела против дискриминација. „Ако се согласувате со ова, ова никогаш нема да престане”, изјавил сенаторот Андреа Карони од централнодесничарската Слободна демократска партија (ФДП), за време на дебатата. Тој реторички прашал дали требало да се вклучи и дискриминацијата на лицата со посебни потреби, лингвистичките региони, националностите или политичкото мислење во законот.
ЛГБТИК организациите го поздравиле проширувањето на казнениот стандард против расизмот, но исто така и изразиле жалење поради одлуката која ги „исклучува и дополнително ги маргинализира интерсексуалците и транссексуалците”. „[Законот] ќе биде комплетен само кога ќе ја осуди дискриминацијата врз основа на родов идентитет”, изјавил Алекс Ричер, адвокат од мрежата на транс лица од Швајцарија (ТГНС).
Политичарот Матијас Рејнард, авторот на парламентарното гласање, за весникот 24 Хјуир изјавил дека „тешко е да се оди понатаму со сегашниот парламент”. Тој додал дека „според некои адвокати овој закон, исто така, може да се користи во случај на трансфобичен напад” и дека судовите би можеле да го толкуваат широко.
Централно-левичарските социјалдемократи претпочитале да ја видат „чашата половина полна” од празна. „Хомофобијата веќе не се смета за мислење, туку како кривично дело. Исто е и тоа што е расист”, изјавил Рејнард за јавниот сервис телевизија РТС.