На 23 септември се одржа Генералното собрание на Обединетите Нации на кое што беше и состанокот од високо ниво за Универзална здравствена покриеност (Universal Health Coverage – UHC). Тема на разговорите беше “Универзалната здравствена покриеност: одиме заедно кон изградување на поздрав свет” која треба да има за цел да го забрза напредокот кон универзално покривање на здравјето.
Со оглед на политичката динамика создадена како резултат на претстојниот HLM за UHC и потенцијалот за акции на ниво на држави, во насока на реализација на универзалното здравствено покритие, важно е сите застапници за правата на корисниците на дрога да останат информирани.
Светската здравствена организација наведува дека „Универзално Здравствено покритие (UHC) значи дека сите луѓе и заедници можат да користат промотивни, превентивни, лековити, рехабилитативни и палијативни здравствени услуги, кои треба да се со доволен квалитет, да бидат ефективни, а истовремено корисникот да не го изложува на финансиски тешкотии.
Во рамките на оваа дефиниција, постојат три главни цели:
- Правичност во пристапот до здравствени услуги, тоа значи на сите на кои им требаат услугите треба да ги добијат, не само оние што можат да платат за нив
- Квалитетот на здравствените услуги, треба да биде доволно висок за да се подобри нивото на здравје на оние што примаат услуги.
- Луѓето треба да бидат заштитени од финансиски ризик, осигурувајќи дека трошоците за користење услуги не ги ставаат луѓето во ризик од финансиска штета.
Прочитајте го целиот технички пргелед овде.