Сексуалната работа се дефинира како непринудна продажба на сексуални услуги за пари или други материјални добра помеѓу согласни возрасни лица. Сексуалната работа вклучува улична сексуална работа, ескорт услуги, сексуални услуги преку телефон, порнографија, егзотично танцување и друго.
Сексуален работник може да биде маж, жена или трансродно лице. Изразот сексуална работа е избран од самите сексуални работници/работнички за да се покаже дека комерцијалниот секс претставува стопанска дејност и дека така треба да се третира и во законодавството.
Запомнете, сексуалната работа не треба да се поистоветува со трговијата со луѓе.