Изразите „сексуален работник“ и „сексуална работничка“ се избрани од самите сексуални работници/-чки со цел да се редефинира комерцијалниот секс, не како социјална или психолошка карактеристика на одредена група на жени, туку како дејност што носи приходи или како форма на вработување на жени и мажи. Како таква, може да биде разгледувана заедно со другите форми на економска активност. Перспективата на вработување или труд е непходен, ако не доволен, услов за сексуалната работа да стане дел од главната дебата за човековите права, правата на жените и правата на работниците на локално, на национално и на меѓународно ниво.
Доколку сексуалната работа е соодветно законски регулирана и доколку сексуалните работници не се изложени на стигматизација ќе се намалат штетите врз нивното здравје и ќе се намали ризикот од ХИВ, сексуалните работници ќе бидат заштитени од насилство, но ќе се подобрат условите и за пошироката општествена заедница како што се: подобро сексуално и репродуктивно здравје, постабилна социо-економска состојба за единката и за државата.