Што е дрога?

0

Навистина е деликатно да се дефинира што е тоа дрога. Интересно е тоа што секој човек има свое сфаќање за овој поим, а врз основа на тоа и го гради својот однос кон дрогите и кон луѓето кои употребуваат дроги.

Од фармаколошка перспектива, под дрога се подразбира хемиска состојка која може да предизвика промена на биохемиските и на физиолошките процеси во ткивото или во организмот во кој се наоѓа.

Во поширока смисла, под дрога се подразбираат сите природни или вештачки состојки кои имаат психоактивно дејство на живиот организам во кој се наоѓаат, односно кои предизвикуваат промена на менталните и на физиолошките процеси на организмот. Ова сфаќање повеќе се однесува на дрогите кои не се употребуваат поради медицински цели и на состојките кои често се нелегални за употреба.

Покрај изразот „дрога“, за означување на истиот поим често се употребува и изразот „психоактивна супстанција“. Двата изрази се сметаат за синоними.

Иако многумина не можат да разберат, во дроги се вбројуваат и: алкохол, тутун, кафе, испарувачи (гасови, пареа од лепила, аеросоли или слични производи), лекарства што се издаваат со или без лекарски рецепт и новите психоактивни супстанции (т.н. „легални дроги“ (legal highs)).

Дроги се употребувале речиси низ целата историја на човештвото.

Луѓето употребуваат дроги од најразлични причини, како на пример: потреба за лекување или за олеснување на психичка или физичка болка; од религиски или духовни (спиритуални) потреби; за забава; за опуштање; за социјализација.

Share.

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.