Владата изјавила дека егзекуциите ќе продолжат по мораториумот од речиси 50 години, наведувајќи ја воената загриженост на Родриго Дутерте во однос на проблемот со дрогата.
Шри Ланка ќе започне да ги беси дилерите на дрога, со тоа што така ќе се ставело крај на мораториумот за егзекуции во времетраење од речиси половина век, додека официјалните лица ветиле експлицитно дека намерата им била да го “копираат успехот” на грозоморната војна против дрогата на Филипините.
Одлуката на Шри Ланка да ги наведе Филипините како нејзин модел повлекла многу критики. Ваквата одлука која прв ја имаше донесено претседателот на Филипините, Дутерте, ги одземала животите на околу 4200 осомничени корисници на дрога, иако групите за човекови права велеле дека вистинскиот број најверојатно бил тројно поголем од таа бројка.
Објавувајќи ја својата одлука дека ќе го следел примерот на Дутерте, претседателот на Шри Ланка, Мајтрипала Сирисена, изјавил дека “е подготвен да ги потпише налозите за смрт” на повторените престапници на дрога, според неговиот портпарол Ражита Сенаратна.
“Од сега па натаму ќе ги бесиме престапниците на дрога без да им биде изречена смртна казна”, изјавил тој.
Шри Ланка ги преименила смртните казни за сериозни кривични дела во доживотен затвор од 1976 година, кога се извршило последното изрекување на ваква казна.
Сенаратне изјавил дека имало 19 престапници на дрога чии смртни казни биле отфрлени. Локалните медиуми го цитирале Сенарајне како изјавил дека истите тие сега ќе се соочеле со извршување на претходно одредените казни.
Властите рекле дека е потребен построг пристап за борбата против она што тие го пријавуваат како зголемување на криминалот поврзан со дрога.
Сенаратне го навел случајот во кој осудениот дилер на дрога, чија смртна казна била отфрлена, осуденик кој го организирал увозот на 100 килограми хероин од зад решетки.
“Ни беше кажано дека Филипините биле успешни во распоредувањето на армијата и справувањето со овој проблем. Ние ќе се обидеме да го повториме нивниот успех “, рече Сенаратне.
Министрите во Шри Ланка цитирале дека проблемите поврзани со дрогата во нивната земја растел. Тие изјавиле дека земјата станала важна точка на претовар за шверц на наркотици.
Во 2016 година, Бирото за полициски наркотици на Шри Ланка запленило повеќе од 900 килограми кокаин од брод што бил поврзан со Коломбо, наводно, една од најголемите напади на дрога во регионот.
Министерот за одбрана на Шри Ланка, Рањит Маддума Бандара, посочил дека вооружените сили на земјата треба да бидат подготвени во ограничен период за спроведување на овие политики.
Одлуката да се стави крај на мораториумот за егзекуции во Шри Ланка се случува и покрај напорите на локалните групи за човекови права во 2016 година за да го убедат сегашниот претседател официјално да ја отповика смртната казна.