Деталното академско испитување на адаптираното комбе за брза помош на пионерот за намалување на штети од дрога, Питер Крикант во Глазгов врши притисок врз шкотската влада да постави официјални објекти зе безбедно инјектирање дроги.
Министерката за дрога на Шкотска, Ангела Констанс, ветила акција за такви објекти пред девет месеци, но сè уште ништо не остварила.
Новиот труд, во влијателниот International Journal of Drug Policy, испитувал 894 надгледувани инјектирања на хероин и кокаин, од кои девет успешни интервенции од предозирање.
Во трудот е јасно дека неговите автори веруваат дека собите за безбедно инјектирање во овој извештај се наведени како “Услуги за превенција од предозирање” можат да функционираат без да бидат затворени од полицијата и може да спасат животи низ Велика Британија.
„Поважно е тоа што ја докажува побарувачката за услуги на многу маргинализирани луѓе, со сложени здравствени, психолошки и практични потреби.”
„Членовите на работната група за засилена служба за намалување на штети, поддржана од добротворната организација Drug Science, сега работат на рамка за евалуација на услугите на безбедните соби за инјектирање во другите делови на Велика Британија.”