Смртните случаи поврзани со дрога во Шкотска достигнаа највисока бројка што некогаш била забележана. Стапката на таквитe смртни случаи сега може да е и највисока во ЕУ. Ова ја нагласува итната потреба од мерки за намалување на штети, како што е отворање на безбедна соба за консумирање дрога.
Податоците објавени на 15 август од страна на Националната книга на Шкотска, укажуваат на тоа дека Шкотска сега има највисока стапка на смртни случаи поврзани со дрога на која било земја во Европската унија. Во Шкотска, во извештајот се вели дека во 2016 година имало 160 смртни случаи поврзани со дрога на еден милион луѓе. Ова се споредува со 65,8 на милион во Англија и Велс и европски просек од 20,3 смртни случаи на милион.
Зголемување на смртните случаи поврзани со дрога се појавува кај повеќето возрасни групи. Помеѓу 2000 и 2016 година, ваквите смртни случаи кај лицата на возраст од 45 до 54 години се зголемиле од 16 на 213, бројката кај 55-64 годишна возраст се зголемила од 3 на 66. Оваа постара група, наречена генерација Треинспотинг, умира во поголем број без медиумиско или политичко покривање на нивната смрт. Ниам Иствуд, извршен директор на Realese, центарот на експерти за дроги во Обединетото Кралство, опишува како 40-годишен маж живее во сиромаштија и умира од дроги, и за него нема да се напише вест. „Оваа група е неверојатно маргинализирана и нивната смрт не изгледа дека го привлекува истото внимание “.
За да се намалат овие зголемени смртни случаи кај луѓето кои користат хероин и морфиум, особено осиромашени маргинализирани групи, во Глазгов ќе се отвора безбедна соба за консумирање дроги (DCR). Безбедните соба за консумирање дроги спасуваат животи со тоа што луѓето кои користат дроги го прават тоа под надзор на медицински професионалци кои можат да обезбедат стерилна опрема за инјектирање, да понудат совети за намалување на штети, и кога е потребно – да администрираат налоксон и да спречат предозирање.
DCRs исто така се корисни за луѓето кои не користат дроги додека го намалуваат отфрлениот отпад од дрога на улиците, го намалуваат ширењето на заразни болести како ХИВ, го подобруваат поширокиот пристап до услугите за итни случаи и им дозволуваат на полицијата да се концентрира на сериозни кривични дела.
Огромното мнозинство на смртни случаи поврзани со дрога од Глазгов, 225 од вкупно 257, биле поврзани со опиоидна употреба, 195 што вклучувале хероин, морфиум, метадон или бупренорфин. Ова дополнително ја илустрира важноста на претстојната собза за безбедно инјектирање во градот, како и потребата за повеќе вакви објекти низ Шкотска.
Додека Англија и Велс се соочуваат со јавна здравствена вонредна состојба во врска со смртните случаи поврзани со дрога, ситуацијата во Шкотска е значително полоша. Евентуалното воведување на DCG во Глазгов ќе ги ублажи дел од штетите што можат да ги предизвикаат дрогите – особено опиоидите, но мора да се спроведат поширок пакет мерки за намалување на штети. Покрај тоа, ситуацијата се влошува и со континуирана криминализација на луѓето кои користат дроги, бидејќи поврзаната стигма ги одвраќа луѓето од барање помош или совет.
Властите во Шкотска и на други места во Велика Британија, може да го разгледаат пристапот на Португалија, која го декриминализираше поседувањето на сите дроги во 2001 година, и има најниска стапка на смртност поврзана со дрога во Европа.