Бројот на смртни случаеви поврзани со употребата на дрога во Шкотска пораснал на 1187 во изминатата 2018-та година, според официјалните статистички податоци.
Бројката е за 27% повисока од претходната година, а била највисока до сега измерена од кога започнале да се запишуваат смртните случаеви во 1996 година.
Според тоа, во Шкотска минатата година имало повеќе смртни случаеви кои биле поврзани со употребата на дрога, споредено со бројот на смртни случаеви предизвикани од консумирање на алохол кој изнесувал околу 1136 лица.
Стапката на смртност од употреба на дрога во земјата сега е речиси трипати поголема од онаа на Велика Британија како целина и е повисока од било која друга земја во ЕУ.
Смртни случаеви на дрога во Шкотска:
Најновите бројки покажуваат дека Шкотска има повисока стапка на смртност од употреба на дрога во споредба со САД, за која претходно се мислеше дека има највисока стапка на смртни случаеви во светот. Во САД во 2017 година имало 70.000 смртни случаеви од употреба на дрога, но стапката од 217 на милион жители сега е значително пониска од онаа на Шкотска.
Вкупно 3.756 смртни случаеви биле поврзани со труење од дрога во Англија и Велс во 2017 година, со стапка од вкупно 66 смртни случаеви на милион жители. Стапката во Северна Ирска е околу 75 на милион жители, со вкупно136 смртни случаеви во 2017 година.
Сепак, постои разлика од земја до земја во однос на тоа како се евидентираат смртните случаеви и во некои случаеви може да има недоволно информации.
Што покажуваат шкотските бројки?
Статистиката објавена од Националната книга на Шкотска покажува дека речиси три четвртини односно 72% од оние што починале минатата година биле мажи.
Најголемиот дел од смртните случаеви поврзани со употреба на дрога односно вкупно 1021 – употребувале хероин, но голем процент, односно 792 земале таблети како што се дијазепам и етизолам.
Возрасната група со старосна граница од 35-44 години била поврзана со најголем број на смртни случаи и изнесувале вкупно 442 случаеви, по што следеле оние на возраст од 45-54 години со вкупно 345 смртни случаеви.
Најголем број на смртни случаеви биле забележани во Глазгов и Клајд – 394, потоа Лотиан – 152, Ланаркшир – 130 и Тајсиде – 109.
Зошто Шкотска има толку многу смртни случаеви од употреба на дрога?
Се вели дека имало околу 60.000 корисници на дрога во Шкотска, која што има вкупно 5.4 милиони жители.
Д-р Сакет Пријадариши, од службите за зависности на Глазгов и Клајд, им пренела порака на пратениците, дека Шкотска има многу повисока стапка на смртност на дрога од останатиот дел од Велика Британија, која што важела за земја со повеќе проблеми предизвикани од корисниците на дроги.
Тој, исто така, изјавил дека шкотските корисници на дрога, земале смртоносен коктел од лекови кои често ги комбинирале опијатите како што се хероин и метадон со бензодиазепини, таблети често познати како уличен валиум или уличен блуз.
Шкотскиот министер за јавно здравје, Џо Фицпатрик, изјавил дека бројот на луѓе кои ги загубиле своите животи поради употребата на дрога бил “шокантен” и дека е време да се третира злоупотребата на дрога како прашање за јавно здравје, тој исто така се заложил дека Шкотска ќе размисли за какви било предлози кои ќе ги претстави новата работна група за дроги, за да се испита како најдобро да се справи со ова прашање и да се спасат повеќе животи.