Во периодот од 4 до 9 Ноември, ХОПС традиционално ја организираше школата Дроги-политики и практики. Ова школа се одржа по шести пат и беше наменета за млади стручни кадри од повеќе професии кои ги третираат прашањата на дрогите. Оваа година на школата учествуваа 20 учесници кои се запознаа со основите на политиките и практиките поврзани со дрогите во светот и во Македонија.